Нигерискиот плејбој Мајк истовремено се ожени за сите негови 6 бремени девојки
Убавецот Мајк во Нигерија е познат како „Крал на каскадите“ и тој обожава да предизвикува скандали и да привлекува внимание каде и да отиде. Оваа недела тој го шокираше светот откако стапи во брак со сите негови 6 бремени девојки.
Мајк Езе-Нуали Нуогу е сопственик на ноќниот клуб Уно во Лагос и често своето богатство го експонира на неговиот официјален Инстаграм профил, облечен во екстравагантна облека. Тој инаку е дипломиран инженер по информатика, а своето образование го завршил во САД.
Тој тврди дека е вистинскиот татко на сите 6 бебиња кои ги очекуваат неговите 6 девојки.