Како е да се биде љубовница на шеик, а потоа сопственик на бренд: „Бевме 11 девојки и го чекавме својот ред“
Џил Дод е исклучително успешна бизнис дама и основач на меѓународно признатиот бренд за облека „Рокси“, а сега таа на светот му открива како е да се биде љубовница на шеик, споделувајќи го нејзиното неверојатно лично животно искуство.
На почетокот на 80-те години, Џил беше млада и наивна манекенка, која при едно патување на Кан со нејзините пријатели, се запозна со милијардерот и трговец на оружје, Аднан Кашоги. Набрзо по нивното запознавање, Аднан веднаш посака Џил да стане негова љубовница.
Според законот на Саудиска Арабија, тој можел да има 11 љубовници и 3 законски сопруги.
„Се согласив. Од тој момент станав една од жените во неговиот харем и сите ние го чекавме својот ред, односно го чекав мојот ред за да имам интимни односи со човекот кого го сакав.“ – раскажува Џил.
Аднан беше 24 години постар од неа, а Џил истиот го опишува како низок, дебел влакнест, но тоа не им пречело на ниту една од девојките.
„Никогаш немам сретнато поинтелигентен, поспокоен и позабавен човек од него. Дел од неговите љубовници изгледаа толку младо, што човек би си помислил дека станува збор за ученички. Тој секогаш беше опкруежен со жени и беше неверојатен љубовник.“ – додава Џил.
Порано Џил ги красеше насловните страници на светско познатите списанија како Вог и Мари Клер и беше усшешна манекенка. Уживала да биде и љубовница на шеикот, но кон крајот на 1981-та година започнала да се чувствува непријатно од целата ситуација.
„Една вечер Аднан влезе во мојата соба и ми даде подарок. Но, кога ми го виде лицето, ми кажа дека ја погрешил собата, но сепак да го задржам подарокот. Срцето ми застана, тој едноставно мислеше дека сум друга девојка.“ – вели Џил.
Ваквиот начин на живот за Џил завршил во 1982-та година, а 7 години подоцна Џил го основа сопствениот моден бренд „Рокси“ и се гордее со тоа што е успешна и независна жена. Во брак е со нејзиниот трет сопруг, а за искуството со шеикот вели дека се срами, бидејќи добива бројни осудувања од луѓето.