Апсцесиран заб е настанува при формирање на торба полна со гној, која може да настане во различни делови на забот како резултат на бактериска инфекција. Понекогаш се нарекува и стоматолошки апсцес. Апсцесираниот заб предизвикува умерена до тешка болка што понекогаш може да се прошири на увото или вратот.

Најчести причини за инфекција на заб и нивни симптоми

Причини за инфекција на заб

Симптоми

Главниот симптом на апсцесиран заб е мачна болка во близина на забот или во непцата. Болката обично се појавува одеднаш и се влошува со текот на времето.

Други симптоми вклучуваат:

  • Болка што се проширува на увото, вилицата или вратот
  • Болка што се влошува кога ќе легнете
  • Болка при џвакање или гризење
  • Црвенило на лицето и оток
  • Отечени, црвени непца
  • Зголемена чувствителност на забите
  • Лабав заб
  • Лош здив
  • Лош вкус во устата
  • Нежни или отечени лимфни јазли на вратот или под вилицата
  • Треска

Причини

  • Периапикален апсцес: Бактериите влегуваат во пулпата во забите, обично преку празнина. Пулпата се однесува на мекиот, внатрешниот дел на забот, која е составена од нерви, сврзно ткиво и крвни садови.
  • Пародонтален апсцес: Болеста на непцата обично предизвикува ваков тип на апцес, но може да биде и резултат на повреда.
  • Апсцес на гингивата: Туѓо тело, како лушпа од пуканки или влакно од четката за заби, кое се вградува во непцата и предизвикува инфекција.

Како да ја третирате инфекција на заб во домашни услови

Домашен лек за инфекција на заб

Болката предизвикана од инфицираниот заб, во домашни услови може да ја третирате и ублажите со користење на раствор од солена вода, сода бикарбона, масло од оригано, масло од мајчина душица или пак со употреба на хидроген пероксид.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за инфекција на заб

Важно е апсцесираниот заб да биде третиран од стоматолог. Дури и ако е веќе е пукнат, сепак неопходно е да се прегледа и исчисти, со цел да бидете сигурни дека инфекцијата нема да се прошири.

Ако не се лекува, инфекцијата може да се прошири на вилицата и другите делови на главата и вратот, вклучувајќи го и мозокот. Во ретки случаи, тоа дури може да доведе до сепса. Ова е опасна по живот компликација на инфекција.

Побарајте итна помош доколку ги искусите следните симптоми:

  • Висока температура
  • Оток на лицето
  • Тешкотии при голтање
  • Забрзано чукање на срцето
  • Конфузија