3 фантастични смеси за похување на риба, со кои ќе излижете прсти!
Еден од најчестите начини на приготвување на вкусна риба е со нејзино пржење, при што ја потопуваме во брашно, лебни трошки или во смеса и од двете состојки. Но, денес ви откриваме 3 фантастични смеси за похување, на кои едноставно никој не може да одолее!
1. Риба во тесто од кашкавал
Потребни состојки
- 3 супени лажици мајонез
- 4 јајца
- 100 гр кашкавал
Начин на подготовка
Изматете ги јајцата со мајонезот, а притоа ситно изрендајте го кашкавалот. Зачинете со сол, мелен црн пипер, додадете брашно и добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање соединета смеса.
2. Риба во тесто од компир
Потребни состојки
- 3 компири
- 1 јајце
- 2 супени лажици брашно
- Сол по ваш вкус
Начин на подготовка
Крупно изрендајте ги компирите. Кон истите додадете ги јајцето, брашното и солта и добро измешајте ги сите состојки заедно.
3. Риба во смеса од пиво
Потребни состојки
- 3 јајца
- 200 гр брашно
- 200 мл темно пиво
- 1/3 кафена лажица сол
Начин на подготовка
Одделете ги белките од жолчките. Измешајте ги жолчките со пивото и брашното. Изматете ги белките до добивање пенеста смеса, а потоа истата додадете ја кон смесата со жолчките. Внимателно измешајте ги смесите.