Моќен појадок за слабеење, за сите оние кои сакаат да симнат 5-7 кг за 1 месец
Чудесниот рецепт за слабеење речиси и да не остава никого рамнодушен, а е особено идеален за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми кои ги наталожиле за време на карантинот. Еве како да го приготвите уште денес.
Моќен домашен рецепт за слабеење
Потребни состојки
- 4 супени лажици овесни снегулки
- 1 супена лажица кефир или кисело млеко
- 7 сушени сливи
- 1 супена лажица мелено ленено семе
- 1 кафена лажица какао
Начин на подготовка
Најдобро е рецептот да го приготвите навечер. Полејте ги сливите со 100 мл зовриена вода. Измешајте ги какаото, лененото семе и овесните снегулки заедно, а потоа кон добиената смеса додадете го киселото млеко. Сомелете ги сливите и додадете ги кон останатите состојки, а потоа смесата складирајте ја во ладилникот.
Консумирајте го наутро за појадок, а по желба може да додадете и цимет.