Размената на материите, нарекувана уште метаболизам, претставува апсорпција на хранливите материи од телото и исфрлање на штетните добиени од разградувањето на материите. Колку активно течат овие процеси, толку подобро се чувствуваме.

Правилно хранење

За забрзување на метаболизмот нутриционистите препорачуваат намалена потрошувачка на производи од животинско потекло – мрсно месо, колбаси, субпродукти, жолчка од јајце, масло. Најдобро е да се храните пет пати дневно, во мали порции. Внимавајте во менито да имате доволно (но не премногу) протеини, масти и јаглехидрати.

Контрола на тежината

Метаболизмот често се забавува поради вишокот килограми. Но за да се ослободите од нив, не се фрлајте слепо во различни диети, туку побарајте помош од специјалист. Добро избрани диети, според индивидуалните потреби, исхрана во комбинација со вежбање, не само што ќе го намали обемот на половината и колковите, но и ќе ја подобри циркулацијата.

Детоксикација

Застојот на токсини во телото суштински го отежнува метаболизмот, а за да го забрзате, потребно е да почнете со детоксикација. Наместо да подлегнувате на гладување, користете ги услугите на професионалец кој ќе Ви избере ефективна програма за прочистување. На овој начин ќе се исчисти целиот организам, а не само црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт.

Внимавајте кон одредени производи

Ќе го забрзате метаболизмот и со храната која ја земате. Вклучете во менито целер (суров или преработен), домати, краставици, цвекло, авокадо, пченкарен леб, јогурт, урда, мрсна морска риба. Добро е на трпезата да има агруми (најчесто лимон и грејпфрут), зелен чај, бадеми, јаболка, црно кафе без шеќер, спанаќ, масло, зелка, карфиол, брокули. Пченичните трици ефикасно го забрзуваат метаболизмот – консумирајте ги наутро на празен стомак, по 7-10 лажички во доволно количество вода.

Нормализација на спиењето

Вистинскиот, здрав и исполнет сон е уште еден начин да го забрзате метаболизмот, бидејќи многу од метаболичките процеси се одвиваат токму додека спиете. Имате потреба од најмалку 7 часа ноќен сон, а при напната ментална и физичка работа 9 – 10 часа. Избегнувајте да спиете на стомак.

Доволно вода

1,5 – 2 л вода на ден ги прочистува бубрезите. Ако сакате да го зголемите ефектот, додавајте кон водата свежо исцеден лимонов сок.