Првиот светски воден парк за лица со посебни потреби
Водените паркови нудат голема забава за сите нас, но повеќето од нив не се достапни за лица со хендикеп. Но, благодарение на новиот парк наречен Morgan’s Inspiration Island, кој се наоѓа во Сан Антонио, Тексас лицата со хендикеп може да се приклучат на забавата.
Овој парк е создаден со помош на лекари, родители, наставници, терапевти. Се грижи за луѓето со сите видови на попреченост. Паркот нуди специјални нараквици кои им овозможува на родителите да ги лоцираат своите деца. Исто така има и водоотпорни колички кои може да се изнајмат бесплатно. Секој дел од паркот е достапен за инвалидска количка.