4 трикови со оцет, со кои облеката ќе Ви изгледа како нова!
Сигурно барем еднаш сте слушнале совет за користење оцет во домаќинството и дека е многу корисен при перење на алиштата. Алкохолен оцет може да користите и за отстранување на дамки и непријатни миризби од облеката, но може да ви послужи и како освежувач за облека.
Бел оцет како омекнувач
Белиот оцет всушност има ист ефект како омекнувачот. Едноставно ставете во машината, во делот за омекнувач и бидете сигурни дека облеката ќе Ви стане уште помека.
Го намалува талогот од прашокот за перење
Дали ви се случило да ја перете облеката и при вадењето од машината, да има траги од прашок за перење? За ефикасно намалување на прашокот за перење на облеката, ставете во алиштата половина чаша оцет. Прашокот е штетен за кожата, а поради структурата понекогаш не се пере целосно и по завршувањето на перењето останува на облеката.
Отстранува дамки од пот
Оцетот ќе Ви помогне да ги отстраните грдите дамки од пот или дезодоранси, особено на белата облека. Оцетот го зголемува дејството на прашокот, а се што треба да направите е пред перење, да ставите половина чаша оцет и така успешно ќе ги отстраните дамките од пот и ќе ја зачувате бојата на облеката.
Отстранува тврдокорни дамки
Ако одредена облека има неколку дамки, кои никако не можете да ги исперете, потопете ги во зовриена вода со половина чаша оцет, оставете да преноќат, а потоа исперете во машина за перење како и обично.