Чоколаден колач со јаболка – Совршен зимски десерт со божествен вкус!
Сочен, нежен и неверојатно вкусен, овој чоколаден колач со јаболка важи за еден од најдобрите зимски десерти, кој се приготвува супер лесно, а неодоливата комбинација на чоколадо со јаболка ќе даде божествен вкус со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски!
Чоколаден колач со јаболка
Сочен, нежен и неверојатно вкусен, овој чоколаден колач со јаболка важи за еден од најдобрите зимски десерти, кој се приготвува супер лесно, а неодоливата комбинација на чоколадо со јаболка ќе даде божествен вкус со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски!
Servings: 4
Ingredients
За тестото
- 200 гр путер
- 1 кафена шолја шеќер
- 4 јајца
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1,5 кафена шолја брашно
- 1 пакетче пециво
- 1 кафена лажица цимет
- 2 супени лажици темно какао во прав
- Половина кафена шолја сомелени јаткасти плодови
- Половина кафена шолја коњак
- 2-3 јаболка
За глазурата
- 100 гр темно чоколадо
- 3 супени лажици густа павлака
- 1-2 супени лажици маслоИ
Instructions
- Измијте, излупете и исечете ги јаболката. Додадете ги сомелените јаткасти плодови (ореви или друго по ваша желба), полејте ги со коњакот и добро измешајте ги состојките заедно.
- Изматете го мекиот путер со шеќерот и ванилата. Додадете ги јајцата едно по едно, додека мешате при секое нивно додавање. Додадете ги пресеаното брашно и пецивото. Додадете го и циметот и добро измешајте.
- На крај додадете ги прецадените од алколол, јаболка и јаткасти плодови и добро измешајте го тесото. Истото поставете го во премачкан сад за печење и поставете го да се пече 35-40 минути во загреана рерна на 180°C. Оставете го да се излади во садот.
- Додека колачот се лади, пригответе ја глазурата. Растопете го чоколадото заедно со павлаката и маслото во микробранова и измешајте до добивање мазна смеса. Покријте го колачот со добиената глазура и оставете го да се излади.