Отечено лице: Кои симптоми бараат итна лекарска помош и што го предизвикува
Повремено на секој може да му се случи да се разбуди со отечено, подуено лице. Ова може да се случи како резултат на притисок врз лицето додека спиете. Сепак, отечено и подуено лице може да произлезе и од повреда на лицето или да укаже на одредена здравствена состојба.
Најчести причини за отечено лице и нивни симптоми
- Алергиски конјунктивитис: Ова воспаление на очите е предизвикано од алергиска реакција на супстанции како првут од миленичиња, прашина, полен или спори на мувла. Се манифестира со црвени подуени очи во комбинација со кивање, течење и чешање на носот.
- Прееклампсија: Прееклампсија се појавува кога бремена жена има висок крвен притисок и евентуално протеини во урината. Може да доведе до сериозни компликации. Отечено лице, сериозни главоболки, промени во видот се исто така дел од нејзините симптоми.
- Целулитис: Предизвикан од бактерии или габи кои влегуваат низ пукнатина на кожата. Се манифестира со отечена, црвена и болна кожа.
- Анафилакса: Сериозна алергиска реакција. Се манифестира со чешање, оток, низок крвен притисок, отежнато дишење, несвестица, забрзано чукање на срцето, гадење, повраќање, дијареја, абдоминална болка се дополнителни симптоми.
- Алергија на лекарства: Лесен, црвен осип може да се појави неколку недели со недели по земањето на лекот на кој сте алергични. Оток, отежнато дишење, треска, стомачни тегоби и ситни пурпурни или црвени точки на кожата се посериозните симптоми.
- Ангиоедем: Форма на сериозен оток под површината на кожата, предизвикана од алергиска реакција на алерген како храна или лекови. Може да се манифестира и со чешање, стомачни грчеви, безбојни дамки и осип на екстремитетите.
- Актиномикоза: Долгорочна бактериска инфекција која предизвикува рани или апсцеси во меките ткива на телото. Стоматолошки инфекции или траума на лицето или устата може да доведат до бактериска инвазија на лицето. Хронична, бавно растечка, безболна маса се претвора во оток со густа, жолта течност.
- Скршен нос: Повреда или пукнатина во коската или ‘рскавицата на носот, која е најчесто предизвикано од траума или удар на лицето. Се манифестира со свиткан или искривен нос, оток околку носот, крварење д носот, пропратено со појава на модринки.
- Синузитис: Состојба предизвикана од воспаление или инфекција на носните пасажи и синусите.
Може да се должи на вируси, бактерии или алергии. Тежината и времетраењето на симптомите зависи од причината за инфекцијата. Симптомите вклучуваат намалено чувство за мирис, треска, затнат нос, главоболка (од синусен притисок или напнатост), замор, болка во грлото, течење на носот или кашлица. - Чести причини за алергиска реакција се алергени како што се: Каснувања од инсекти, земање лекови, допир на растенија, контакт со полен, отров и животински првут од куче или мачка, консумирање на школки, риби, јаткасти плодови.
Како да третирате отеченото лице во домашни услови
Одмарајте колку што е возможно повеќе, зголемете го внесот на вода и течности, нанесете ладна облога на отечената област.
Кога да посетите лекар?
Отечено лице поради алергиска реакција може да биде придружено со други симптоми. Ова се симптоми на анафилакса, сериозна алергиска реакција, која бара итна лекарска помош со цел да се спречи реакцијата да се претвори во анафилактичен шок. Анафилактичкиот шок може да биде смртоносен.
Симптомите на анафилакса и анафилактичен шок вклучуваат:
- Отечена уста и грло
- Тешкотии при дишење или голтање
- Плускавци или осип
- Оток на лицето или екстремитетите
- Вознемиреност или конфузија
- Кашлање или отежнато дишење
- Вртоглавица или зашеметеност
- Назална конгестија
- Палпитации и неправилно чукање на срцето
- Нејасен говор
Ако почувствувате какви било симптоми на анафилакса, веднаш јавете се на итната помош или на локалните служби за итни случаи.
Симптомите на шок може да се појават брзо. Овие симптоми вклучуваат: Брзо дишење, забрзано чукање на срцето, слаб пулс и низок крвен притисок.