10 ситуации во кои Меган Маркл нѐ потсети на принцезата Дијана и ни предзивика горко-слатки емоции
Светот се вљуби во принцезата Дајана кога стана свршеница на принцот Чарлс, но нејзината работа и живот докажаа дека таа не беше само една обична сопруга на принц. Хуманитарка, модна икона и посветена мајка – има толку многу прекрасни работи поради кои сите веднаш ја засакаа.
Таа го живееше својот живот на нејзин начин, стана кралски бунтовник и промени многу традиции. А, Меган Маркл, нејзината снаа, со сигурност ја презема водечката улога. Во продолжение ви откриваме 10 сличности меѓу Лејди Ди и Меган Маркл:
1. И двете имаа кариера пред да се омажат
Пред да се омажи за принцот Чарлс, Дијана работеше како асистент-наставничка во градника во Лондон, а Меган имаше успешна актерска кариера.
2. Дијана сама го избра својот свршенички прстен, а Меган сама го промени дизајнот на нејзиниот
Кога се омажи за Чарлс, Дијана ја прекрши кралската традиција со тоа што сама го избра својот свршенички прстен, а Меган по раѓањето на нејзиниот син Арчи, го промени дизајнот на нејзиниот свршенички прстен, додавајќи додатен дел.
3. И двете ги променија традиционалните брачни завети
На нејзината венчавка во 1981-та година, принцезата Дајана влезе во историјата кога јавно одби да каже дека ќе му се „покори“ на принцот Чарлс и ги преформулираше своите брачни завети, што предизвика сензација во тоа време. Долгогодишна феминистка, Меган, исто така, избра да го изостави делот за „послушноста“ од нејзините завети, а нејзините и брачните завети на принцот Хари беа скоро идентични со едни со други.
4. И двете ја прекршија кралската традиција кога одлучија да се породат во болница
Дијана го промени кралскиот протокол за породувањето на кралските жени. Наместо дома, таа и во двете бремености се породи во болница. Кејт Мидлтон ги следеше нејзините чекори и се породи во истата болница. Но, Меган Маркл ја промени болницата.
5. И двете избраа сами да ги воспитуваат нивните деца
Во 1983, Дијана го зема нејзиниот син Вилијам да патува со неа во посета на Австралија и Нов Зеланд. Истото го стори и Меган Маркл со нејзиниот син Арчи за кралската посета на Јужна Африка. И двете одбија децата да поминуваат време со дадилки.
6. И двете го прекршија кралскиот моден протокол
И двете се опишани како бунтовнички од страна на модните експерти, бидејќи неретко ги прекршуваа модните кралски протоколи, облекувајќи се во тесни фустани или пак, избирајќи впечатливи бои.
7. И двете носеа црно во јавноста
Традиционално, кралските членови не носат црна облека во јавноста, освен ако не присуствуваат на погреб. Ниту една од нив не го следеше ова правило.
8. И двете одбија да носат неутрален лак за нокти
9. И двете не се плашеа јавно да говорат
Во 1995-та година, Дијана во интервју јавно зборуваше за нејзиниот личен живот, а истото го стори и Меган за време на нејзината посета во Јужна Африка, каде зборуваше за потешкотиите да се биде член на кралското семејство и медумскиот притисок.
10. И двете се наведнуваа кога зборуваа со деца
И Дијана и Меган секогаш се трудеа кога зборуваа со деца, за време на кралските должности, да се спуштат на висина на децата, за да може да ги гледаат директно во очи.