Што може да се случи со нашето тело ако престанеме да јадеме масти
Кога започнуваме да држиме диета, често првото нешто што сакаме да го елиминираме се мастите. Иако е вистина дека лошите мастиможат да направат да се здебелите, постојат и здрави масти кои се неопходни за вашето тело.
Целосно намалување на мастите може да влијае на вашето физичко и ментално здравје и може да ги саботира вашите напори да го постигнете вашето тело од соништата. Нашата исхрана треба да биде разновидна и токму затоа во продолжение ви откриваме зошто откажувањето од мастите може да направи повеќе штета отколку добро.
1. Можеби ќе се чувствувате погладни
Кога ќе го намалите внесот на масти, може да забележите дека не сте толку сити после јадењето на оброкот. Мастите се неопходни хранливи состојки кои ни се потребни во исхраната, се подразбира во умерени количини. И, ако не консумирате доволно од одреден микроелемент, најверојатно на крајот ќе внесете повеќе калории од потребното, консумирајќи друга храна.
2. Вашата меморија може да се влоши
Ако целосно ги елиминирате мастите, може ќе забележите дека нема да бидете будни и енергични како вообичаено. Добрите масти го подобруваат здравјето на мозокот и докажано е дека медитеранската исхрана која вклучува здрави масти како маслиново масло, јаткасти плодови и риба, може да помогне во зајакнувањето на вашата меморија. Консумирањето доволно добри масти е исто така поврзано со помал ризик од деменција.
3. Може да го изложите срцето на ризик
Постојат неколку придобивки за вашето срце од консумирањето здрави масти. Медитеранската исхрана, богата со добри масти, може да го намали ризикот од срцев удар. Луѓето кои јадат повеќе од половина лажица маслиново масло секој ден, имаат 15% помала шанса да добијат било какво срцево заболување, покажува едно истражување.
4. Може ќе се здебелите
Кога држите диета со малку масти, го спречувате вашето тело да согорува маснотии. Одредени здрави масти, како што се мастите во бадемите, може да го подобрат вашиот метаболизам, според едно истражување.
5. Ќе биде потешко да изградите мускули
Консумирањето добри масти и редовно вежбање може да ви помогнат да изградите мускули. Мастите исто така можат да ја зголемат концентрацијата на протеини во вашето тело, што, пак, ќе му помогне на вашето тело побрзо да закрепне по интензивниот тренинг.
6. Вашиот имунолошки систем може да ослабне
Масните киселини се неопходни за заштита на имунолошкиот систем. Покрај тоа, многу витамини се апсорбираат подобро кога се консумираат заедно со мастите. Ако ги елиминирате добрите масти од вашата исхрана, може ќе го спречите вашето тело да внесува доволно витамини.