Болка во зглобовите: Природна маст со која болката ќе исчезне
Без разлика на годините може да почувствуваме најразлична болка во зглобовите. Доколку имате над 40 години болките се јавуваат првенствено во колената, рамената и лактите. Кај помладите, болка во зглобовите може да се појави поради артритис, реума, траума, фрактура или преоптеретување. За среќа, народната медицина нуди еден природен, едноставен рецепт кој помага во отстранување на болката во зглобовите и се приготвува брзо и лесно.
Со овој рецепт ќе кажете збогум на секоја болка во зглобовите
Состојки:
-1 лажица сенф
-1 лажица мед
-1 лажица вода
-1 лажица ситно смелена хималајска сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека не се добие хомогена смеса. Ставете ја приготвената мешавина во соодветен сад, како што е на пример кутивче од потрошена крема. Облогата од приготвената маст е најдобро да се применува навечер, пред спиење, за да можат состојките подолго време да делуваат.
Потребно е маста добро да се втрие во заболениот зглоб, а потоа преку него ставете проѕирна фолија и завиткајте со волнен шал. Наутро измијте со млака вода. Постапката повторувајте ја 4-5 дена, но веќе по првата употреба ќе почувствувате значително подобрување. Приготвената смеса чувајте ја во фрижидер.