Сигурно не сте размислувале, но однесувањето во бањата би можело да каже доста за карактерот на човекот.

Кој дел од телото го миете прво кога се туширате? Дали некогаш сте размислувале за тоа? Не! А еве што може да значи тоа.

Kоса

Луѓето кои почнуваат прво со миењето на косата, се држат до логиката. Тие размислуваат за работите во секој нивен аспект. Го следат разумот, а не емоциите.

Уши

Оние кои прво ги мијат ушите, се добри слушатели. Тие сакаат да учат нови работи и постојано бараат информации. Отворени се за нови познанства, но често подложени на искушенијата од луѓето околу себе. Тие се исклучително тактични.

Лице

Луѓето кои прво го мијат своето лице, се одговорни и индивидуалисти. Тие строго се придржуваат кон правилата, без разлика каква е крајната цел. Миењето на лицето е чин за соборување на стресот. Често даваат комплименти и се исклучително внимателен луѓе.

Грб, врат

Ако прво го миете вратот или грбот, вие сте кукавички човек. Често се обидувате да бегате од одговорност.

Гениталии

Луѓето кои прво се грижат за своите гениталии, се исклучително сексуални. Тие се концентрирани на односите со спротивниот пол. Вложуваат многу страст во сè што прават. Многу се грижат и се одлични партнери и за семејството, и во кревет.