6-те разлики меѓу партнерот кој ве сака и парнтерот кој ви го уништува животот
Не е лесно да се пронајде вистинска љубов. Дополнително потешко е кога ќе започнеме врска, да го разликуваме правилното од погрешното, особено кога сме многу вљубени. Но, длабоко во себе сите го имаме тој внатрешен глас што ни вели дека нешто не е сосема како што треба.
Дали некогаш сте се запрашале дали некој маж е со вас од вистинската причина? Според психолозите и љубовните експерти, следните 6 клучни разлики може да ви помогнат да утврдите дали вашиот партнер е оној вистинскиот за вас или е само една токсична личност која може да ви го уништи животот:
1. Полн со почит / Толерантен
Вистинскиот маж, човек кој ве сака, ќе ве почитува за вашите цврсти ставови и мислење. Но, од друга страна, постојат мажи кои ќе ви кажат дека не сте во право или ќе ви речат да мислите што сакате, но без да веруваат дека вашето мислење е исто толку важно како и неговото.
2. Охрабрувачки / Контролирачки
Маж кој ја сака жената ќе ја охрабри да следи нови можности и искуства.Вистински маж може да ја запознае со многу нови работи, но најважно е дека никогаш нема да ја присили да направи нешто против нејзина волја. Мажот кој не ве сака најчесто ќе се обиде да ве контролира и да ве ограничи, забранувајќи ви директно или идниректно да напредувате.
3. Искрен / Суров
Маж кој ја сака својата партнерка на нејзините прашања ќе одговора искрено, тоа што таа треба да го слушне, не тоа што сака да го слушне. На пример, ако го прашате како изгледате во некоја облкеа и ви каже дека подобро ќе ви стои нешто друго, тоа не значи дека е злобен. Тој е само искрен. Но, ако маж ви каже дека треба да изгубите тежина, со тоа партнерот го навредува она што ви се допаѓа или вашиот стил. Треба да знаете дека тој го прави тоа затоа што не ве почитува.
4. Приврзан/ Наметлив
Дали сакате партнер кој ви пишува и ви се јавува 24/7? Некои жени сметаат дека ова звучи одлично, но треба да размислите за ова подобро, бидејќи постојаното проверување и постојаното престојување во вашиот дом и поминување речиси цело време заедно, укажува на тоа дека партнерот е наметлив и мисли повеќе за самиот себе отколку за вас заедно.
5. Заштитнички настроен / Посесивен
Природно е да заштитите нешто што ве интересира. Но, ако вашиот партнер не ве пушта никаде сами или започнува расправија со луѓе кои се обидуваат да разговараат со вас, тогаш тој е посесивен.
6. Сериозен / Заинтересиран
Мажот кој е заинтересиран за вас ќе разговара со вас во вистинскиот момент. Ова може да се очекува доколку врската е нова. Но, ако вие двајца веќе подолго време разговарате само кога тој може и сака, тогаш тој очигледно не е за заљубен во вас и подобро е навреме да ставите крај и себеси да не си давате лажна надеж.