Лажењето е еден од основните човечки инстинкти, а зад тоа стои или потребата да се ставиме во подобра позиција или желбата да не ги повредиме другите. Некои лажат повеќе, некои помалку, а астролозите тврдат дека тоа зависи и од хороскопскиот знак.

Овие 2 знака се истакнуваат како најголеми лажливци во хороскопот:

1. Близнаци

Вистината едноставно не е нивен најдобар пријател. Тие често ветуваат работи што никогаш нема да се случат затоа што не размислуваат за последиците од нивните ветувања. Нешто што во одреден момент им се чини добра идеја, брзо станува ветување, иако тие се свесни дека тоа никогаш нема да се реализира.

Тие се зависни од популарноста и сакаат да ги задоволат сите, дури и ако треба да прибегнат кон лаги за тоа.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Скорпија

Луѓето родени во овој знак се доктори за лага и се толку добри во тоа што и самите забораваат што е вистина, а што лага. Скорпиите најчесто самите веруваат во нивните лаги, па затоа изгледаат доста уверливо кога лажат.