3 докажани начини како да се ослободиме од подуениот стомак, за време на празниците
Покрај прекрасните моменти споделени со нашите најблиски, празничната сезона најчесто се карактеризира и со вкусната и богата трпеза, која вклучува калорична и мрсна храна, што неретко доведува до појава на непријатниот подуен стомак.
Токму за оваа цел, за да можете безгрижно да уживате во празниците, во продолжение ви откриваме 3 докажани начин како брзо и лесно да се ослободите од подуениот стомак:
1. Пијте повеќе вода и чај
Водата му помага на организамот да се справи со обилната храна. Добрата хидратација ја стимулира работата на цревата, а доколку консумираме доволно течности за време на празниците, истите ќе заземат поголема дел од организамот, не дозволувајќи ни да се прејадеме.
Не пијте газирани напитоци, а во однос на чај, се препорачува чај од нане и чај од ѓумбир. Истовремено, погрижете се што повеќе да ја ограничите консумацијата на алкохол.
2. Избегнувајте го џвакањето на гума за џвакање
Ако имате честа навика да земата гума за џвакање по оброкот, се препорачува ова воопшто да не го практикувате, бидејќи гумата за џвакање го стимулира дигестивниот систем да продолжи да одделува одредени сокови и ензими, што дополнително може да ја зголеми стомачната подуеноста.
3. Практикувајте јога
Јогата ќе ви помогне исклучително многу бидејќи лесно ќе го активира целото ваше тело. Покрај тоа што ќе ви помогне да ја одржите вашата фигура за време на празниците, различните пози на јога ефикасно помагаат во ублажување на подуеноста и стомачните тегоби.