„Си дојдов дома порано и го затекнав сопругот како пие кафе со друга жена, облечена во мојата наметка“
Жените кои поминале низ развод, знаат дека потпишувањето на документите се само прв дел од целата драма што следува, особено ако партнерите не се разделиле на мирен начин. Доколку во бракот постојат и деца, тогаш ситуацијата може да биде дополнително отежната од многу аспекти.
Во продолжение прочитајте ја исповедта на една разочарана жена чијшто брак завршил откако сопругот ја изневерил, но и што се случувало по разводот:
„Пред 1 година се разведов со сопругот. Зошто? Причината е толку апсурдна, што дури се чувствувам неверојатно непријатно да зборувам за истата. Бев во посета на моите родители за време на еден викенд, заедно со децата, каде тие и останаа, а јас се вратив дома порано од планираното. Дома го затекнав мојот сопруг како пие кафе со друга жена во кујната. Си седеше толку релаксирано, без ниту еден грам совест, а да биде ситуацијата уште поапсурдна, неговата љубовница седеше во мојата наметка и пижами, што тој ми ги имаше поклонето. Само се свртев и си заминав.3
Бракот во последно време не ни одеше најдобро, но не помислив дека работите ќе стасаат до тој степен. По ситуацијата, ми беше премногу тешко. Едноставно ми беше невозможно да замислам како сега јас ќе бидам сама со 2 деца. Но, колку и да ми беше тешко, враќањето назад со сопругот ми беше уште понезамисливо!
Поднесов молба за развод, а бидејќи и сопругот го посакуваше ова, работите завршија премногу лесно. На почетокот ги гледаше децата, а потоа започна сè поретко да ги посетува. Воопшто не беше заинтересиран за нив, освен да ја плаќа потребната алиментација.
Животот започна да се средува. Пронајдов добра работа, а за децата најмногу ми помогнаа моите родители. Подоцна се јавија и поранешните свекор и свекрва. Со нив немав лош однос и побраа за празниците тие да ги чуваа децата. Се согласив, бидејќи инсистираа да поминат време со нив. Децата останаа кај нив една недела, а откако ги зедов, децата се пожалија дека цела недела седеле во една соба и никогаш не излегле надвор да прошетаат. Им давале за јадење, а не можеле ниту телевизија да гледаат.
Премногу се разочарав од ваквиот однос, но не реков ништо. По само 2 деца, ми се јави сестрата на мојот поранешен сопруг, со која исто така не бев во лоши односи. Истата со дрзок тон ми се јави да ми каже дека нејзините родители не се толку млади да ми ги чуваат децата и да барам да им купуваат скапи подароци. Бев во шок, јас тоа никогаш не го побарав од нив, а самите тие инсистираа да ги чуваат нивните внуци.
Имав можност да бидам праведно дрска и јас, да кажам сè што ми лежи на душа, но не го сторив тоа. Јас сум подобра од ова! Веќе сосема го ограничив мојот контакт и контактот на моите деца со нивниот татко, како и со неговото семејство. Тие не заслужуваат никакво внимание!“