Дел од луѓето, дури и ако тоа било само еднаш во животот, се обиделе да се ослободат од несаканите вишок килограми играјќи спорт или практикувајќи одредена физичка активност. Затоа е важно е да бидеме добро информирани за тоа како всушност функционираат овие активности за нашата тежина.

Не станува збор само за пронаоѓање мотивација да станете од каучот и да вежбате. Постојат неколку работи што треба да се земат предвид кога се обидувате да ослабнете. Потребно е да се земе во предвид видот на тренингот што ќе го правите, времетраењето, интензитетот, па дури и вашата моментална тежина. Сите овие работи можат да влијаат на бројот на потрошени калории секој пат кога ќе вежбате.

Затоа Универзитетот Харвард излезе со список кој ви кажува колку калории согорувате според вашата тежина за 30 минути вежбање различни спортови и вежби:

1. Пешачење (3,5 км / ч)

2. Фудбал

3. Кошарка

4. Велосипедизам на стационарен велосипед

5. Трчање (5 км/ч)

6. Елиптичен тренер

7. Тенис

8. Јога

9. Танцување

10. Одбојка

11. Аеробик

12. Статично веслање

13. Пливање

14. Кревање тегови

15. Скокање со јаже