За кои болести е виновен глутенот? (Прв дел)
Многу луѓе се откажаа од потрошувачката на леб, тестенини и друг вид на паста, бидејќи нивните тела се чувствителни на глутен, кој се содржи во пченичното брашно, или страдаат од целијакија или целијачна болест (хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен). Глутенот го има во овесот, ‘ржта, во јачменот во миксови за супи, во соја сос, во пивото.
Чувствителноста кон глутен е автоимуна болест која предизвикува воспаление на мозокот, срцето, зглобовите, на дигестивниот тракт и може да предизвика уште многу болести или да ја влоши состојбата на веќе постоечките.
Остеопороза
Лекарите им препорачуваат на луѓето кои страдаат од оваа болест, да го зголемат внесот на калциум, за да ги зајакнат коските, и да го исфрлат од прехраната глутенот. Состојбата на коските се подобрува ако го изфрлиме од исхрана овој протеин.
Синдром на раздразнети црева
Докажано е дека ако не консумираме производи кои содржат глутен, во рок од шест месеци, многу од симптомите на оваа болест ќе ги снема.
Анемија
Таа предизвикува намалување на хемоглобинот и црвените крвни зрнца, кои се важни за снабдувањето со кислород на органите. Освен тоа не лишува од железо, фолна киселина и витамин Б12, што може да е знак за целијачна болест. Овие нутриенти се апсорбираат во горните делови на тенкото црево, каде што првично може да се набљудува штетата од оваа болест. Но ако од исхраната се исфрли глутенот, се забележува заздравување на ткивата.
Неухранетост
Слузницата на тенкото црево е составена од цревни ресички. Тоа се микроскопски влакненца кои ги апсорбираат нутриентите од храната. Кога некој кој страда од целијачна болест и се храни со храна со глутен, телото ги напаѓа ресичките. На крајот тие престануваат да ги голтаат корисните својства на храната, што пак води до неухранетост. И нема никакво значење колку добро се храните.
Афти
Кога ќе се појави овој непријатен феномен во нашата уста, во повеќето случаи констатираме дека сме јаделе нешто недоволно добро исчистено. Но, сепак афтите понекогаш се поврзани со нетолеранцијата на глутен.
Ревматоиден артритис
Не е докажано дека глутенот може да предизвика артритис, но секако може да го влоши. Имунолошкиот систем гледа на глутенот како на непријател и затоа го напаѓа, предизвикувајќи воспаление во цревата, како и врз други органи и ткива. Кога сепак ова воспаление е надвор од дигестивниот тракт, најверојатното место на кое може да се случи, се зглобовите.