5-те грешки поради кои косата се полни со првут, а кои повеќето ги прават
Понекогаш, кога се обидувате да се ослободите од непријатниот и здодевен првут, можеби правите нешто кое придонесува токму за спротивното, тој да се зголемува, а вие и да не сте свесни за тоа. Токму денес ви откриваме кои се 5-те најчести грешки поради кои нашата коса се полни со првут, а кои повеќето од нас ги прават.
1. Ја миете косата премногу ретко или премногу често
Кога ја миете косата ретко, себумот се наталожува врз скалпот и заедно со потта, создава совршена средина за појава на несаканиот првут. Од друга страна пак, шампонот исто така не треба да го користите секојдневно. Со оваа грешка, ќе придонесете за отстранување на сите масла од скалпот, кои му се потребни за да биде правилно потхранет и здрав и ќе го исушите. Експертите препорачуваат косата да ја миете на секои 2-3 дена.
2. Не ја миете косата правилно
По исплакнувањето, доколку е недоволно и неправилно, на скалпот може да оставите остатоци од честички кои може да создадат идеална средина за размножување на првутот, поради често среќаваната габичка, која секој од нас ја има на скалпот. Кога на скалпот има премногу маснотија и мрсен секрет, ова може да резултира со создавање на прекумерен првут.
3. Не ја чешлате косата правилно
Чешлањето на косата ја подобрува циркулацијата и ги отстранува мртвите клетки од кожата. Четкајќи ја косата, вие го ослободувате скалпот од наталожената маснотија, при што ова треба да го практикувајте секојдневно, со цел да го сведете првутот на минимум. Правете го ова редовно, 2-3 пати на ден, но не и повеќе. Исто така избегнувајте груби четки за коса. Исто така експертите препорачуваат дека треба умерено да ја обликувате косата и да не ги користите затоплувачките уреди пречесто.
4. Премногу консумирате храна што содржи шеќери
Шеќерот исто така може да влијае врз здравјето на вашата коса, создавајќи хормонски дисбаланс во вашето тело. Тоа придонесува за зголемување на нивото на шеќер во вашата крв, при што вашите жлезди започнуваат да лачат повеќе масло. Токму ова може да биде причината зошто пречесто имате мрсна коса, доколку вашата исхрана се состои од многу шеќери. Исто така ова може да се случи доколку прекумерено консумирате и мрсна храна. Експертите препорачуваат да јадете повеќе храна богата со цинк и витамини од групата Б.
5. Не го масирате скалпот
Без разлика дали ќе изберете домашна маска со жолчка или кисело млеко, не заборавајте и внимателно да го масирате вашиот скалп, не користејќи премногу сила и притисок, бидејќи кожата на скалпот е многу чувствителна. Лесно масирајте го, дури и ако имате сува коса, бидејќи тоа ќе помогне да го смири скалпот и да ја спречи појавата на несакан првут.