Татко се поврза со неговата ќерка на сосема друго ниво: Соши 200 парчиња облека за неговото девојче
Нема збор да го опише Мајкл Гарднер како татко освен „горд“. Користејќи ја својата страст за шиење како начин да се поврзе со неговата ќерка, тој создаде стотици парчиња облека за неа со преобликување на стара женска облека. Единствените работи што му беа потребни за да го совлада својот занает беа неколку упатства од Јутјуб и модел, што во неговиот случај беше неговата ќерка Ава.
Мајкл бараше уникатен начин да се поврзе со својата ќерка
Мајкл започнал да шие кога Ава имаше 3 години. Почна скромно, правејќи панталони од женско здолниште, во кое Ава се в вљуби. Гледајќи како нешто толку едноставно ја прави неговата ќерка многу среќна и самоуверена, тој знаеше дека го доби џекпотот. Мајкл вели дека досега создал повеќе од 200 парчиња облека и честопати внимава и неговата облека да одговара на нејзината – нешто што ги прави да изгледаат уште послатки.
Неговата цел е да ја изгради, зајакне и зголеми самодовербата на Ава
Двајцата се обидуваат да се поврзат и да ја зајакнат нивната врска со слушање и разбирање еден со друг, а Мајкл посебно сака Ава да ја научи да се сака себеси и да ги почитува останатите околу неа. Затоа тој секогаш бара нејзино мислење кога станува збор за избор на дизајн и бои. Обично таа ја избира ткаенината, а тој потоа ја претвора во прекрасна облека за која знае дека Ава со сигурност ќе ја носи во нејзиниот секојдневен живот.
Понекогаш неговата облека одговара со нејзината
Како што вели, Ава е главниот шеф, па кога сака да носат иста облека, сè што треба да направи Мајкл е да го оствари тоа. Таа ќе одлучи за сè друго, вклучувајќи го и кројот, стилот, па дури и локацијата на снимањето.
Мајкл секогаш се обидува да најде нови работи што може да ги прави заедно со Ава
Тој неодамна започна да учи како да плете коса и да ги бојадисува ноктите на неговата ќерка. Воедно гордиот татгко веќе ја учи Ава како сама да шие на нејзината прекрасна розова машина за шиење. Таа всушност го соши сопствениот фустан за нејзината полуматура, а нејзиниот талент едноставно расте. Мајкл се надева дека еден ден ќе може да сошие нејзиниот матурскиот фустан доколку таа се согласи на тоа.
Ава е многу горда на својот татко и облеките што ги прави за неа
Таа сака сè што нејзиниот татко создава, едноставно затоа што доаѓа од неговата бескрајна љубов и грижа. Ава ја сака насмевката на нејзиниот татко и колку тој е внимателен кон неа. А што се однесува до неговиот талент за шиење, таа секогаш обожава да раскажува за моментот кога некој од училиштето ја прашувал од каде ја купила облеката, а всушност тоа било креација на Мајкл.
И покрај тоа што е одличен татко, Мајкл порасна без татко
Една од целите на Мајкл, кога започна да го споделува своето патување за шиење, беше да ги охрабри сите татковци да бидат што поприсутни во животот на нивните деца. И тоа затоа што тој порасна без татко, односно неговиот татко беше отсутен кога тој растеше, дури не сакал ни да го гледа, ниту поздравува сопственото дете. Ова однесување го натера Мајкл да се чувствува напуштено и недостојно во текот на целиот живот, чувство што никогаш не би сакал Ава да го доживее.
Тој oтвори и сопствена продавница
Долго време, Мајкл шиеше облека само за Ава, но неодамна реши да го прошири своето хоби и да го претвори во деловна активност. „За љубовта кон шиењето“ е името на неговата продавница, а продава капи, маици, дуксери и чанти лично изработени од него. Како што вели тој, овој проект е прослава на неговата страст кон креативноста.
Неодамна ја направи својата прва машка кошула на риги, на што е особено горд
Иако Ава отсекогаш била негова муза и модел, тој реши да отиде малку подалеку и да направи машка кошула со сино-бели риги. И покрај тоа што не беше сигурен дали може дали ќе успее, се потруди и резултатот дефинитивно е хит. Неговата следна цел е да ја совлада техниката за шиење на копчиња.