6-те златни совети од легендарната Коко Шанел, кои секоја жена треба да ги практикува
Коко Шанел беше жената која направи вистинска револуција во модната индустрија. Беше ценета, беше критикувана, но никој не можеше да остане рамнодушен кон неа. Нејзината незаменливост и неверојатен пристап кон животот се должат на неколкуте златни правила што таа ги практикуваше.
Според Шанел, речиси секоја жена треба да ги прави следните 6 работи за да живее среќен и исполнет живот:
1. Ослободете ги рацете
Од каде започнува слободата на жените? Да, од рацете! Затоа Коко ја дизајнираше препознатливата мала Шанел чанта со долг ремен. Така, жените секогаш имаат слободни раце, да прават што сакаат, а истовремено да изгледаат модерно!
2. Бидете слободни
Коко имаше обожаватели чиј број не беше познати, но никогаш не живееше поради нив. Таа го водеше својот живот како да е анонимна и слободна жена. Имаше љубовници колку што сакаше и кога сакаше, имаше пријатели какви што сакаше, уживаше во носење на облека и консумирање на храна каква што таа сакаше. Според неа, слободата нема цена!
3. Носете удобна облека
„Луксузот мора да биде удобен, инаку не е луксуз“ – велеше Коко. Таа сметаше дека жените не треба да носат корсети, ниту претесна неудобна облека.
4. Не плашете се од нови почетоци и покрај вашата возраст
Коко го достигна врвот на својата слава на 50-годишна возраст. И тогаш, по долга пауза, таа се врати во светот на модата на 70 години. И да, повеќето ја осудија, велејќи дека нејзината нова колекција е безвредна, но таа ги игнорираше сите и се прослави – повторно!
5. Облекувајте се за себе
„Жените треба да се облекуваат за себе, а не да им угодуваат на мажите!“ – Ослободувајќи го потенцијалот на оваа фраза, Коко предизвика незадоволство кај повеќето. Денес, сепак, сè повеќе жени ја живеат оваа реченица на Коко Шанел. Исто така нејзиниот мал црн фустан го сврте модниот свет и ја промени идејата дека жената може да носи црно само кога е во жалост. Тоа беше една од нејзините најголеми модни револуции.
6. Спијте доволно
„Дали има нешто толку вредно во животот што ви дозволува да ја занемарувате вашата перница?“- велеше Коко. Таа ги советуваше жените дека ништо не е толку вредно за да го скрати вашето спиење, а по квалитетниот сон може да го решите секој проблем.