Диспареунија е термин за постојана болка во пределот на гениталиите или во карлицата за време на интимен однос. Болката може да биде остра или интензивна. Може да се појави пред, за време или по интимниот однос. Диспареунијата е почеста кај жените отколку кај мажите. Затоа, ако чувствувате болка при интимен однос, дознајте кои се можни причини и алармантни симптоми за тоа.

Најчести причини болка при интимен однос: Можни причини и алармантни симптоми

Болка при интимен однос: Можни причини и алармантни симптоми

Симптоми

Болката при диспареунија може да варира. Може да се појави болка:

  • Во вагината, уретрата или мочниот меур
  • При пенетрација
  • За време или после интимен однос
  • Длабоко во карлицата за време на интимниот однос
  • По безболен интимен однос
  • Само со специфични интимни партнери или под специфични околности
  • При употреба на тампон
  • Жаречка болка и /или чешање
  • Прободувачка болка, слично на грчеви во менструацијата

Причини

  • Сувост на вагината: Предизвикана од менопауза, породување, доење, лекови или премногу мала возбуда пред интимниот однос
  • Кожни нарушувања: Кои предизвикуваат чиреви, пукнатини, чешање или печење
  • Инфекции: Габични инфекции на уринарниот тракт
  • Повреда или траума: Предизвикана од породување, несреќен случај, епизиотомија, хистеректомија или карлична хирургија
  • Вулводинија: Болка центрирана во областа на вулвата
  • Вагинитис: Воспаление на вагината
  • Вагинизам: Спонтано затегнување на мускулите на вагиналниот ѕид
  • Ендометриоза
  • Циститис
  • Карлична инфламаторна болест 
  • Миом на матката
  • Синдром на нервозно дебело црево 
  • Зрачење и хемотерапија

Фактори кои ја намалуваат желбата за интимен или влијаат на способноста на личноста да се возбуди, исто така, може да предизвикаат диспареунија. Овие фактори вклучуваат:

  • Стрес: Што може да резултира со затегнати мускули на карличниот под
  • Страв, вина или срам поврзани со интимниот однос
  • Проблеми со самодовербата: Начинот на кој личноста го перцепира своето тело
  • Лекови: Пример апчиња за контрацепција
  • Проблеми во љубовната врска со партнерот
  • Одредени здравствени проблеми: Како што се рак, артритис, дијабетес и болести на тироидната жлезда
  • Историја на интимна злоупотреба или силување

Како да ја третирате болката при интимен однос во домашни услови

Болка при интимен однос: Можни причини и алармантни симптоми

Овие домашни лекови можат да ги намалат симптомите на диспареунија:

  • Користете лубриканти растворливи во вода.
  • Практикувајте интимни односи кога вие и вашиот партнер сте опуштени.
  • Комуницирајте отворено со вашиот партнер за вашата болка.
  • Испразнете го мочниот меур пред интимниот однос.
  • Подгответе топла купка пред интимниот однос.
  • Пред интимниот однос земете средство за ослободување од болка без рецепт.
  • Нанесете облога со мраз на вулвата за да ја смирите и убкажите жаречката болка по интимниот однос.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка при интимен однос

За болка при интимниот однос, веднаш посетете лекар ако:

  • Употребата на лубриканти не ви помага
  • Крварите по интимниот однос
  • Чувствувате болка или имате отежнато мокрење
  • Диспареунијата започнува да ви пречи во врската со вашиот партнер
  • Се плашите да имате интимен однос
  • Болката веќе започнува да се влошува