„Чоколина“ – Со чоколадо врз чоколадо, овој десерт не остава никого рамнодушен!
„Чоколина“ е традиционален десерт во многу јужно-европски земји и притоа важи за еден од најдобрите чоколадни десерти, најпрво поради неговата едноставност при приготвувањето, а второ и најважно, поради неговиот неверојатно моќен чоколаден вкус!
Чоколина

Servings: 4
Ingredients
- 200 гр темно чоколадо
- 200 гр кафеав шеќер
- 120 гр пченично брашно
- 160 мл масло за готвење
- 4 јајца
- 1 супена лажица пециво
- 120 гр ореви
- 1 прстофат сол
За глазурата
- 100 гр темно чоколадо
- 100 мл павлака
Instructions
- Растопете го темното чоколадо на водена пареа. Потоа додадете ги сомелените ореви, маслото за готвење и шеќерот и добро измешајте. Следно, додадете ги и јајцата, едно по едно и изматете ја смесата со миксер.
- Исипете делови од брашното, пресеано со пецивото во претходната смеса. Измешајте внимателно со шпатула, а потоа добиената смеса исипете ја во соодветен сад, претходно премачкан со масло. Поставете го колачот да се пече 25-30 минути на 180°C.
- За глазурата одозгора, растопете темно чоколадо на водена пареа, а потоа исипете ја павлаката и на топлина, мешајте ја смесата 1 минута.
- Извадете го готовиот колач од рерната, исечете го на коцки и на крај одозгора нанесете ја глазурата. Се препорачува десертот да го сервирате со овошје или сладолед.