Болка во задниот дел од главата: Домашни лекови и кога да посетите лекар
Болка во задниот дел од главата може да се јави од голем број различни причини .Многу од овие причини може да се идентификуваат со дополнителни симптоми. Овие симптоми го дефинираат видот на болка, како и други можни локации каде ваквата болка може да биде присутна.
Најчести причини болка во задниот дел од главата и нивни симптоми
- Артритис: Овие главоболки се предизвикани од воспаление и оток во пределот на вратот и честопати предизвикуваат болка во задниот дел на главата.. Движењето обично предизвикува поинтензивна болка. Може предизвикани од секаков вид на артритис, а најчесто до ревматоиден артритис и артроза.
- Лошото држење на телото:Може да предизвика и болка во задниот дел на главата и вратот. Лошото позиционирање на телото создава напнатост во грбот, рамената и вратот. И таа напнатост може да предизвика главоболка. Може да почувствувате тапа, мачна болка во основата на черепот.
- Хернијалните дискови: Дисковите во цервикалниот ‘рбет (вратот) можат да предизвикаат болка и напнатост во вратот. Ова може да предизвика еден вид главоболка наречена цервикогена главоболка.
- Окципиталната невралгија: Состојба што се јавува кога се оштетени нервите што одат од ‘рбетниот мозок до скалпот. Често се меша со мигрена. Окципиталната невралгија предизвикува остра, болна, пулсирачка болка што започнува од основата на главата во вратот и се движи кон скалпот.
- Кластер главоболка: Тие се ретки, но исклучително болни. Болката се карактеризира како нападна, а може да трае со недели.
Како да третирате болка во задниот дел од главата во домашни услови
Консумирајте доволно количество на вода, бидејќи несоодветната хидратација може да доведе до појава на главоболка. Земете малку магнезиум и погрижжете се да имате квалитетен сон. Користете есенцијални масла, ладни облоги, како и витамин Б-комплекс. Избегнувајте храна богата со хистамин и ограничете ја консумацијата на алкохол. Воедно, одмарајте колку што е можно подобро и поправете го држањето на вашето тело со соодветни вежби и помагала.
Кога да посетите лекар?
Закажете лекарски преглед доколку:
- Започнувате да доживувате нови главоболки кои траат повеќе од неколку дена
- Вашите главоболки ве попречуваат во извршувањето на вашите вообичаени активности
- Доживувате какви било нови телесни промени пропратени со главоболката
Ако имате сериозна главоболка полоша отколку што некогаш сте имале или ако истата постепено се влошува, треба да закажете лекарски преглед што е можно поскоро. Ако чувствувате дека вашата главоболка веќе станува невозможна, тогаш побарајте итна лекарска помош.
Постојат некои симптоми кои укажуваат на итен случај. Ако имате главоболки заедно со некој од следниве симптоми, побарајте итна медицинска помош:
- Ненадејни промени во вашиот карактер, вклучително и некарактеристични промени во расположението или вознемиреност
- Треска
- Вкочанет врат
- Конфузија и намалена будност до точка каде што се борите да се фокусирате во обичен разговор
- Визуелни нарушувања
- Нејасен говор
- Слабост (вклучувајќи слабост на едната страна од лицето)
- Вкочанетост било каде во телото
- Интензивна главоболка веднаш откако сте се разбудиле