Најдобриот зимски домашен напиток кој моќно ќе го прочисти вашиот организам по празниците
После сите празници и уживање во поголеми количини на калорична и вкусна храна, колачи и солени деликатеси, време е да го прочистиме организамот и да се вратиме на секојдневната поздрава исхрана. За оваа цел, ваш најдобар сојзуник ќе биде следниот чудесен домашен зимски напиток.
Благодарение на истиот ќе ја стимулирате работата на метаболизмот и ќе започнете да исфрлате токсини што се акумулирале во претходниот период. Еве како да го приготвите:
Зимски прочистувачки напиток на организамот
Потребни состојки
- Половина шолја ладен зелен чај
- Половина лимон
Начин на подготовка и употреба
Едноставно исцедете го лимонот и додадете го во зелениот чај. Добро измешајте ги состојките заедно и испијте го.
Зошто овој напиток е ефикасен?
Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај е состојка во скоро сите пијалоци за прочистување на организамот. Има корисен ефект врз црниот дроб, а бројни истражувања докажуваат дека помага во процесот на излачување на токсините. Лимонот, покрај тоа што е богат со витамин Ц и е одличен за здравјето на целото тело, го стимулира ослободувањето на ензимите, но придобивките не застануваат тука.
Лимонот содржи пектин (пребиотик) кој помага во намалување на шеќерот во крвта. Ериоцитринот е антиоксиданс кој се наоѓа во сокот од самиот лимон и во неговата кора. Тој во комбинација со други активни супстанции има моќен ефект врз намалување на воспалението, оксидативниот стрес и оптимизирање на нивото на шеќер во крвта.