8 изненадувачко корисни предмети кои малкумина ги имаат во нивните домови
За да имате удобен живот во вашата куќа или стан, треба да планирате некои работи однапред – понекогаш дури и во фазата на реновирање. Ова може да реши многу од честите секојдневни проблеми, како недостаток на простор за складирање на облеката, затнат мијалник или секогаш топли радијатори.
Во продолжение ви откриваме кои 8 предмети треба да ги имате во вашиот дом да имате живот како од бајка. И како бонус, додадовме нешто за сопствениците на кучиња и мачки на крајот од статијата.
1. Отворен плакар
Отворените плакари се многу чести во САД, додека Европејците претпочитаат да имаат класичен плакар за облека. Ако во вашиот дом нема посебна просторија за отворениот плакар, можете да го направите тоа сами. Сепак, на сметка на тоа ќе мора да се намали од слободниот простор. Ако е потребно, таквиот плакар секогаш може да го поставите во детската соба или во вашата домашна канцеларија.
2. Туш со термостат
Навикнати сме да ја прилагодуваме температурата на водата на славина за туширање со 1 или 2 рачки. Но, во некои домови, тоа не е така лесно – ако некој пушти вода во тоалетот или ја вклучи славината во кујната, водата при тушот може одеднаш нагло да ја промени температурата во топла или ладна. Тушот со термостат помага да се справите со оваа непријатност. Автоматски се прилагодува на промените во притисокот на водата. На пример, ако ладната вода започне полека да тече, уредот веднаш ќе реагира и ќе ја намали количината топла вода за да не се изгорите.
3. Микробранови печки и обратно
Микробранова печка е незаменлив апарат во малата кујна. Уредот е широко користен во Јапонија каде што едноставно нема доволно простор за голема печка за скара и печење. Ако имате доволно простор за печка, но немате простор за микробранова печка, можете да користите друг уред – вградена печка со функција за микробранова печка.
4. Сито од мрежа за мијалник
Голем дел од јапонските домови не се опремени со можност за фрлање на отпадоците во нивните мијалници. За таа цел, супер корисно е да се има мрежеста цедилка за мијалникот. Се поставува во мијалникот и има еднократна употреба. Мрежата ги фаќа остатоците од храна, кои потоа лесно може да ги исфрлите и замените, без цевките непотребно да се затнуваат.
5. Ефективно осветлување во кујната
Една од најчестите грешки во областа на осветлувањето на кујната е да имате 1 или 2 светилки на таванот. Проблемот со ова е што светлината се распространува, а значителен дел ја осветлува површината на кујнските ормари таму каде што воопшто не е потребна светлина.
Идеално, светлата на таванот треба да бидат малку пониско поставена, што одговара на врвовите на вашите кујнски ормари (или орманите треба да бидат поставени точно до таванот). На овој начин, целата светлина ќе падне на работната површина. Но, постои и одреден трик: Ако светлата се наоѓаат во центарот на таванот, ќе ја блокирате целата светлина кога ќе стоите до работната површина. Затоа треба да ги поставите светлата поблиску до ормарите. На овој начин, нема да ја блокирате светлината и кујната ќе биде совршено осветлена.
Покрај таванските светла, можете да инсталирате и вдлабнати светилки под ормарите. На овој начин, ќе можете да ги осветлите областите што ви се потребни во вистинскиот момент.
6. Подно греење наместо радијатори
Постои една голема неповолност во користењето на подното греење: Мора да го отстраните вашиот тековен под за да го поставите. Покрај тоа, тоа е доста скапо. Сепак, вреди да се инвестира во подното грееење од неколку причини.
- Има рамномерна дистрибуција на топлина, за разлика од радијаторите што ја загреваат само областа во близина на ѕидот, па затоа е енергетски поефикасно.
- Вашите стапала секогаш ќе бидат топли, што е нешто што никогаш не можете да го добиете со радијаторите.
Зрачењето на подното греење има неколку предности и недостатоци кога станува збор за тоа каков вид на подни материјали можете да инсталирате над него. Неизолационите, вештачки материјали, како плочки и ламинат, ќе ви дадат најдобра, најконзистентна топлина. Теписите нема да бидат ефикасни, бидејќи имаат изолациски својства, ќе мора да ја зголемите температурата за да го направите подот топол. Исто така, вреди да се напомене дека подното греење се смета како „врвна“ или луксузна карактеристика во домот и може да ја зголеми неговата вредност подоцна за препродажба.
7. Подни плочки
Во денешно време, плочките се еден од најпопуларните типови на подови. Имаат многу предности:
- Лесно се чистат.
- Доаѓаагт во широк спектар на бои, текстури и дизајни.
- Потребно е помалку одржување.
Можете да имате подни плочки низ целата ваша куќа, не само во кујната и бањата. Нивниот единствен проблем е што се ладни, па ќе мора да носите чорапи или домашни обувки. Но, овој проблем може лесно да се реши ако додадете изолација и подно греење. Исто така, запомнете дека плочките можат да станат лизгави кога се влажни. Ова мора да го имате предвид при изборот на плочки за влажните подрачја. Поради ова, секогаш избирајте нелизгачки плочки за места како што се бањите и самите влезови.
8. Сад за топла вода наместо електрично ѓезве
Садот за топла вода е попогоден од обичното електрично ѓезве бидејќи ако треба да зовриете голема количина вода, ќе мора постојано да го користите електричното ѓезве, додека садот за топла вода има поголем капацитет. Исто така, многу поубаво е да имате вода што ќе зоврие веднаш, без да чекате. Поголемиот дел од садовите за топла вода имаат опција што ви овозможува да ја загревате водата на одредена температура. Навистина е корисно ако не сакате вашата вода да достигне точка на вриење.
Бонус за сопствениците на миленичиња
Некои сопственици на миленичиња градат дел за чиниите на миленичињата веднаш во кујнскиот мебел. Обично, тоа е стоечки ормар со долна полица што има чинии исполнети со вода и храна. Ормарите исто така можат да имаат различни делови за храна, играчки, поводници, лекови и други додатоци. Ова решение изгледа поуредно од самостојните чинии на подот.
Садот со песок исто така, може да се организира на ист начин. Постои широк спектар садови со различни уникатни дизајни кои наликуваат на елегантен мебел. Можете дури и сами да направите ваков тип на тоалет за мачки.