Меланија Трамп за последен пат се појави во Белата Куќа – Неверојатно елегантна до самиот крај!
Наскоро поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешната прва дама Меланија Трамп официјално се простија од Белата куќа. Наместо да одат на инаугурацијата на Џо Бајден, парот отпатува во нивната резиденција Мар-а-Лаго.
Исто така, овој пат немаше никакво официјално дружење со новата прва дама Џил Бајден, што според традицијата требаше да го организира Меланија.
„Да се биде прва дама беше моја најголема чест. Ви благодариме за поддршката. Секогаш ќе бидете во моите мисли и молитви. Господ да ве благослови сите вас, вашите семејства и оваа прекрасна нација“- рече Меланија во краткиот говор во базата во Мериленд, од каде замина за Флорида заедно со сопругот.
По овој повод, Меланија облече целосно црна модна комбинација, со што остана неверојатно елегантна до самиот крај.