4-те работи кои вашата коса се обидува да ви ги „каже“
Состојбата на вашата коса, како и промените што се случуваат со истата, всушност се важни показатели за вашето општо здравје – вклучувајќи и знаци за потенцијални здравствени состојби, што можеби ги имате, но не знаете т.е не сте свесни за истите.
Еве што се обидува вашата коса да ви „каже“ преку нејзината состојба:
1. Чешање на скалпот – Имате недостаток од цинк
Експертот Филип Кингсли вели дека косата има потреба од смеса од витамини, минерали и микроелементи, за да расте. Цинкот е еден од основните микроелементи, бидејќи му помага на нашето тело да ги обработи јаглехидратите, мастите и протеините, што се основни елементи на косата. Како резултат на тоа, ниското ниво на цинк може здравиот скалп да го претвори во склап кој постојано чеша.
2. Предвремено белеење на косата – Имате недостоаток на витамин Б12
Ниското ниво на витамин Б12 во организамот е познато по тоа што доведува до загуба на пигмент на косата. За да ја спречите предвремената појава на бели влакна, консумирајте повеќе храна богата со витамин Б12, како што е рибата или користете таков суплемент.
3. Првут – Се храните небалансирано
Првутот се појавува кога микрофлората на вашиот скалп ќе стане небалансирана, што може да се случи како резултат на консумирање на одреден вид на храна. Ако во последно време забележувате зголемено присуство на првут во вашата коса, намалете го внесот на лоши масти, особено ограничете го консумирањето на чоколадо и млечни производи. Овие видови на храна може да го зголемат производството на масло, а со тоа и на првут.
4. Косопад – Имате недостаток на железо
Феритинот е протеин на крвните клетки, кој содржи железо и е непходен за растот на косата. Доколку имате анемија, односно страдате од недостаток на железо во вашиот организам, тоа ќе предизвика замор, изнемоштеност и загуба на коса. Така, доколку во последно време забележувате повеќе влакна да остануваат на вашата четка за коса, вклучете повеќе храна богата со железо во вашата секојдевна исхрана, како спанаќ и говедско месо.