5 видови на храна кои го елиминираат никотинот од организамот – Одличен избор за пушачите и оние кои се откажале од цигарите
Сите сме многу свесни за негативниот ефект на цигарите и никотинот врз нашето тело. Ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин да го исчистите вашето тело од никотин е со помош на оваа храна.
1. Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но исто така му помага на организмот да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.
2. Брокула, карфиол и зелка
Овој вид на зеленчук е исклучително здрав. Покрај тоа што содржи полифеноли, за кои е докажано дека се корисни во намалувањето на различните воспаленија во дигестивниот систем, тој содржи и антиоксиданти кои го чистат телото од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни корисни придобивки.
3. Зелен чај и витаминска вода
Со пушење, телото ја губи потребната течност и телото се дехидрира многу побрзо. Пиењето голема количина домашна витаминска вода што лесно можете да си ја направите од разни овошја и зеленчук, како и зелениот чај полн со антиоксиданси ефикасно ќе го исфрли никотинот од организмот.
4. Моркови
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овие грди несакани ефекти од пушењето, јадете што повеќе моркови. Содржат големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главните средства за чистење на организмот. Исцедете го морковот во соковник измешан со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.
5. Киви, лимон и портокал
Освен вода, пушењето ги отстранува витамините А, Ц и Е од организмот, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, изберете киви или испијте чаша лимонада.