Јога за внатрешен мир: Јога пози за ослободување од стресот
Стресот е секојдневен непријател кој на сите ни е добро познат.
Кога сме под стрес се чувствуваме уморно, нерасположено и нашата продуктивност страда, најчесто здивот ни е краток, рамената напнати и вилицата згрчена. Јогата ни претставува одлична алатка со која преку телото можеме да дојдеме до внатрешен мир, да се ослободиме од стресот, а со тоа и да живееме подолго.
Следниве јога асани (пози) се одлични за справување со стресот, може да ги практикуваат сите без разлика на тоа дали сте јога практикант или не.
Лесна поза (Sukhasana) со навалување напред
Седнете на под и прекрстете ги нозете пред вас, полека навалувајте се нанапред колку што ви дозволува телото, обидете се да ја допрете главата до подот или потпрете го челото на дланки (доколку не стигувате до под може да се послужите со нешто на што може да се потпрете како книги, перница или јога блокче). Останете така пет дишења, потоа сменето го прекрстувањето на нозете (доколку десната ви била напред, сега сменете ја со левата), повторно останете пет дишења.
Преклоп напред (Uttanasana)
Застанете со нозете во ширина на колкови, притиснете со стапалата на земја за да си дадете стабилност во телото, ставете ги рацете на половина и од колковите почнете да го подавате телото нанапред, држете го грбот исправен се додека телото ви доволува и полека пуштете го торзото да ги допре бутовите. Доколку чувствувате големо истегнување во задниот дел на нозете, подвиткајте ги колената оолку колку што ви е потребно за стомакот да ги допре бутовите. Рацете може слободно да паѓаат, да го допрат подот или да се фатите за лактите. Останете тука пет дишења и полека, пршлен по пршлен, исправете се.
Преклоп напред со раширени нозе (Prasarita Padottanasana)
Раширете ги нозете онолку колку што ви дозволува телото, надворешите страни на стапалото треба да се паралелни, од колковите почнете со преклоп напред, дланките ставете ги на под во линија со стапалата и со главата обидете се да го допрете подот, доколку телото не ви дозволува, послужете е со блокчиња или неколку книги наредени една врз друга, останете тука пет дишења и полека, пршлен по пршлен, исправете се.
Плук (Halasana)
Легнете на земја, стегнете го стомакот и кренете ги нозете за да направите позиција на свеќа, рацете ставете ги на половина и полека спуштајте ги нозете наназад, доколку телото ви доволува може со стапалата да допрете на земја, останете пет дишења, потоа полека, со стегнат стомак, вратете ги нозете на земја.
Нозе на ѕид (Viparita Karani)
Легнете на земја со седните коси залепени за ѕид и исправете ги нозете така што ќе се потпираат на ѕидот, рацете пуштете ги слободно покрај телото, останете тука 25 дишења и потоа внимателно спуштете ги нозете.
Лежечка поза (Shavasana)
Легнете на земја, раширете ги нозете малку повеќе од ширина на колкови, рацете нака паднат природно пркрај телото, опуштете ги рамената, вилицата и челото, јазикот нежно притиснете го за горното непце, останете овде 25 дишења, потоа свртете се странично и полека станете од земја.