Рецепт за побрз раст на косата
Ќелавоста и опадањето на косата е проблем и за двата пола. Постојат повеќе фактори поради кои ова може да се случи освен старост и наследност тука се и токсините во исхраната, стресот, загадената животна средина и слично. Третманите за трансплантација се многу скапи и не може секој да си ги дозволи. Затоа овој еднставен превентивен метод кој не чини многу и не содржи хемикалии ќе може да Ви помогне да си ја сочувате косата.
Состојки:
– 2 лажици рицинусово масло
– 1 жолчка од јајце
– 1 лажица мед
Постапка:
Земете соодветен сад и измешајте ги добро сите состојки. Нанесете ја добиената смеса на коренот од косата и по должина на влакното. Завиткајте ја главата со кеса и оставете ја маската да делува барем два часа. Потоа измијте ја косата со шампон. Применувајте најмалку еднаш седмично во период од два месеци.