Судот му наредил да ѝ плати 6.000 евра на поранешната сопруга за оддржување на домаќинството
Судот за развод во Пекинг донесе одлука мажот да ѝ плати на сопругата 50.000 јуани (околу 6000 евра) за да ги надомести домашните работи што ги правел за време на нивниот петгодишен брак.
Според пресудата, домашните работи што ги извршувала биле класифицирани како „неплатена работна сила“ според новиот граѓански законик на Кина.
Одлуката е донесена откако мажот минатата година поднесе барање за развод од сопругата. Двојката била во брак од 2015 година.
За време на постапката за развод, неговата сопруга побара дополнителен финансиски надоместок за домашните работи и одговорностите за грижата за децата, тврдејќи дека тој не придонесувал доволно.
Судот на крајот пресуди во полза на сопругата, наредувајќи му на мажот да и плаќа месечна алиментација од 250 евра и големата еднократна исплата.
Според новиот граѓански закон усвоен во земјата оваа година, брачниот партнер може да бара надомест на штета при развод, доколку тој или така сноси одговорност за грижа за деца, грижа за постари роднини и извршување домашна работа.
Судијата што претседаваше рече дека иако поделбата на имотот на двојката на крајот на бракот обично вклучува материјални средства, „домашната работа претставува вредност на нематеријална сопственост“.