Американски дипломати во Кина се жалат дека биле принудени да направат анални тестови за коронавирус
Американски дипломати во Кина тврдат дека биле принудени да прават анални брисеви за коронавирус.
Вашингтон се пожали дека постапката е „недостоинствена“ и им порача на вработените да го одбијат тестот доколку биде побарано од нив да го направат.
Пекинг тврди дека тестот, задолжителен за влезните патници во некои делови на Кина, бил даден „по грешка“, бидејќи дипломатскиот персонал бил изземен.
Сепак, Кина денес негираше какво било знаење за извршување анализи на брисеви врз американски дипломати.
За да се соберат тест примероци, брисот треба да се вметне околу три до пет сантиметри во ректумот и да се ротира неколку пати.
По завршувањето на движењето двапати, брисот се отстранува пред безбедно да се стави во садот за примерок. За целата постапка се вели дека трае околу 10 секунди.
Кина започна почесто да го користи овој методот за откривање на вирусот за време на масовно тестирање, откако минатиот месец деветгодишно момче беше позитивно.
За неколку дена во Јануари, повеќе од три милиони жители во три области во Пекинг добија тест за коронавирус во обид да се запре заразата, соопштија властите.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи Зaао Лиџијан на дневниот брифинг со новинарите во кинеската престолнина изјави: „Според мое знаење Кина никогаш не барала американски дипломатски персонал стациониран во Кина да биде тестиран преку анален брис“.
Претставник на Стејт департментот на САД рече дека е „посветен на гарантирање на безбедноста на американските дипломати и нивните семејства, притоа зачувувајќи го нивното достоинство“.