Дали си мууу мајка? Семејството ветеринари и нивното куче одгледуват новородено теле
Новородено теле стана неверојатен пријател на лабрадор, кој започна да го храни телето со шишиња откако тоа беше спасено и згрижено од страна на семејство ветеринари.
Вет Греам Оливер, неговата партнерка Хајди и нивните синови Том и Даги, го спасија телето Пенелопе откако таа се роди на замрзнатото езеро во близина на Алфретон, Дербишир,Англија, во средината на Февруари.
Пенелопе била хипотермична и имала сериозен ризик да умре пред семејството да одлучи да ја спаси.
Откако телето се досели во семејниот дом во Дербишир, семејниот Лабрадор Алжернон невообичаено започна да се грижи за Пенелопе спиејќи покрај неа и хранејќи ја со помош на шишиња.
Хајди објасни: „Нашето куче, Алжернон, не можеше да не се вклучи и сака да помага во хранењето со шишиња.
„Тој дури и дозволи на Пенелопе да го користи креветот и спие покрај неа за да ја заштити“.
Нивното друго куче Вилберфорс исто така стана неверојатен пријател за Пенелопе, а парот честопати се гледа како дели симпатичен бакнеж додека си играат едни со други.
Говорејќи за првичното спасување на телето, Хајди објасни: „Не можевме да ја извадиме затоа што мама беше многу заштитнички настроена“.
„Голем тим за спасување животни беше испратен од локалната противпожарна служба, но додека беа на пат, Греам и неговиот син Том работеа да и го одвлечат вниманието на мама и да ја влечат од водата користејќи кофа“.
Партнерот на Хајди, Том, кој исто така е ветеринар, ја однел Пенелопе во нивната куќа да ја загрее и да ја исчисти, но кога се вратиле на терен, мајката ја одбила, па дури и се обидела да ја убие.
Хајди објасни дека мајката на телето исто така се обидела да ги нападне, па тие по втор пат брзо ја спасиле Пенелопе и ја однеле во нивниот дом за да се одгледуваат сами.
Таа продолжи: „Беше многу слабо и хипотермично. Том ја однесе во куќата за да ја исчисти и загрее. Ја вративме на терен со надеж дека мама нема да ја одбие“.
„Мама не само што ја одби, веројатно затоа што ќе и го измивме мирисот од неа, туку и направиви сериозен обид да ја убие. И таа се обиде да не нападне и нас кога по втор пат се обидовме да ја спасиме Пенелопе“.
„Таа одби да прифати млеко, па нејзиното прво хранење беше дадено преку стомачна цевка“.
„Следниот ден, таа стана послаба. Локален земјоделец, ни помогна да ја запознаеме Пенелопе со привремена сурогат крава“.
„Откако таа го прифати млекото, започнавме да го комбинираме млекото на сурогат со смеса, сè додека Пенелопе не прифати шише“.
Семејството во моментов размислува да ја интегрира Пенелопе со ламите во Карнфилд Хол затоа што таа брзо ќе стане преголема за да живее во нивниот дом.
„И нашите кучиња и мачки ја прифатија веднаш и сите играат заедно. Иако обуката за тоалет на теле е малку проблем“.
„Не сум сигурена каков е планот за во иднина, нејзините рогови ќе растат и нема да може да помине низ влезната врата, затоа треба да започнеме со планирање“.
„Размислуваме да ја интегрираме во ламите. Во секој случај, таа се спријатели со децата, кучињата и со сите нас“.