Кога разгледувате по полиците на маркетите најчесто го земате она што најмногу ќе Ви се допадне на изглед. Но тоа не е секогаш добра одлука, убавиот изглед и здравата храна не одат секогаш заедно. со овие препораки ќе ја одберете здравата и природна храна.

 

Тврдо сирење

 

 

Кога купувате тврдо сирење обрнете внимание на дупките, бојата, текстурата. Дупките треба да имаат слична големина, да се распоредени низ целото парче сирење, да нема бела кора врз сирењето и доколку не си ја враќа формата кога малку ќе го стиснете, подобро е да не го купувате.

Моркови

Купувајте моркови со потемна боја, оние кои немаат точки и оние кои што се мали.

 

Месо

 

Свежото месо е розово, не светло црвено или пак кафеаво. Свежото месо е полесно од старото и нема да се залепи за Вашите раце и ќе се врати во првобитната положба откако ќе го притиснете.

Мелено кафе

Доброто кафе никогаш не се складира во пластични пакувања, туку само во тегли и метални пакувања.

Мед

Природниот мед е транспарентен и со еднаква боја. Квалитетниот мед е многу сладок и има специфичен мирис. Ставете капка од медот  помеѓу прстите: ако  Вашата кожа лесно го апсорбира значи дека е во ред.

Сладолед

 

Секогаш читајте ја содржината на сладолед. Оние со вкус на шумско овошје се ретко природни, па затоа е подобро да се изберат оние што содржат само ореви.

Риба

Свежа риба има светли очи; Заматените и испакнати очи се показател за стара риба. Кога ја земате рибата во раце, нејзината опашка треба да виси слободно.

 

Чоколадо

Обрнете внимание на состојките, колку е пократка листа толку е поздраво чоколадото. Квалитетното чоколадо мора да содржи какао.

 

Леб

Свеж леб не треба да биде тежок, па секогаш допирајте го во продавницата. Лебот во кеси останува свеж подолго време но откако ќе го отворите свежната се губи за само неколку часа.

Пиперка

Два или три дела во пиперка укажуваат на тоа дека има горчлив вкус  и има помалку семиња. Ако има четири дела, тогаш ќе има сладок вкус.

Младо кромитче

 

Погледнете ја границата помеѓу белите и зелените делови на кромидот , ако се различни, производот е добар.