Во Австралија странците кои вршат семејно насилство се соочуваат со депортација
Странците кои вршат семејно насилство или присилуваат брак се соочуваат со депортација дури и ако не бидат осудени бидејќи владата се стреми кон спречување на ваквите злосторства.
Новиот министер за имиграција Алекс Хоук потпиша директива со која им наложува на официјалните лица да ги сфаќаат прекршоците посериозно при проценка на визите.
Тој ги објави своите нови правила во говорот во организацијата Жените во Западен Сиднеј на Меѓународниот ден на жената.
„Да се биде член на австралиската заедница е привилегија и сите имаме одговорност да ги почитуваме нашите закони“, рече тој.
„Семејното насилство и злосторствата врз ранливите членови на заедницата немаат место во Австралија и нема да бидат толерирани“.
Според законите за миграција во Австралија, на странците може да им бидат отфрлени или откажани визите доколку не поминат „тест за карактер“.
На поседувач на виза кој е затворен подолго од една година автоматски ќе му биде одземена, но за пократки казни службениците имаат моќ да одлучуваат дали треба да бидат депортирани.
Министерската насока 90, која беше потпишана од министерот Хоук во Понеделникот, им наложува на службените лица да го оценат семејното насилство како „примарен фокус“ при донесувањето на нивните одлуки.
Списокот вклучува акти на семејно насилство и принудување „некого да се ожени без оглед дали има осуда за дело или изречена казна“.
„Во отсуство на осуда, службените лица се повикуваат да разгледаат дали „има информации или докази од независни и авторитативни извори што укажуваат на тоа дека не-државјанинот е или бил вклучен во извршувањето на семејно насилство“.
Списокот за сериозно однесување вклучува и злосторства против ранливите членови на заедницата како што се инвалиди или стари лица, кои честопати се мета на измамници.
„Овие промени се усогласуваат со очекувањето на австралиската заедница дека на не-државјаните кои ќе извршат сериозни прекршоци нема да им биде дозволено да влезат или да останат во Австралија“, рече Хок.