Кога станува збор за имотот, се вели дека го добивате она за што ќе платите, но тоа не е целосно вистина, особено кога станува збор за овој дом во Бостон.

Однадвор, четворособната куќа со три бањи изгледа како идилична семејна куќа, меѓутоа, од поблизок увид, трикатната градба, која чини неверојатни 899 000 долари, има бизарен распоред за кој многу луѓе би можеле да најдат мана, во најмала рака.

Кога за прв пат влегувате во зачудувачкиот дом, првото нешто што го гледате е бања од левата страна на влезот, освен што нема ѕид, врата ,буквално ништо, помеѓу влезот и бањата.

Просторната бања се состои од туш кабина, тоалет и мијалник, сите одделени едни со други со проѕирни стаклени панели, но не, нема вистинска врата на повидок.

„Сместено долж коридорот со портокалова линија, ова ново реновирано кондо има нова кујна со кварцни плочи и апарати од не’рѓосувачки челик, приватна задна палуба и нови дрвени подови низ целиот простор“, се вели во описот на Зилоу за имотот.

Интересно е што необичното поставување бања не се спомнува, но, се разбира, не требаше долго време за имотот стана вирален откако беше споделен на Инстаграм профилот Zillow Gone Wild.

Објавата, која оттогаш е лајкувана повеќе од 32,000 пати, вели: „Ова го носи отворениот концепт на сосема ново ниво.” Навистина.

„Добредојдовте во Бостон, каде трошите 900.000 УСД и не добивате ниту врата од бањата“, коментира еден корисник на Инстаграм, додека друг напишал: „Ова е буквално причина за периодични кошмари“.