Стилист ги покажува модните грешки што повеќето жени ги прават со својот изглед
Многу жени не веруваат во моќта на додатоците и многупати на крајот ги игнорираат. Сепак, понекогаш еден мал детал може да ги подобри вашите најдобри карактеристики и да направи да изгледаат многу попривлечно. На својот блог, стилистката Ирина Поњакина тоа визуелно го демонстрираше на себе и докажа дека не постои такво нешто како ситница во модата.
Погледнете кои грешки ги правите.
Грешка бр. 1 Премногу хоризонтални линии
Тие го разделуваат телото на сложени делови наместо да создаваат еден унифициран изглед. На левата фотографија ролка, здолниште во стил на молив и чизми за глуждот. Линиите го пресекуваат изгледот и ги кршат пропорциите. Покрај тоа, ролката ги прави нозете да изгледаат пократки, со што се кршат пропорциите на телото. Еве како да го смените изгледот:
Заменете го здолништето. Моделот на левата фотографија веќе не е во мода. Должината на здолништето не е добра, идеално, таа треба да биде или над коленото, или како во овој случај, под коленото. Би било добро ако здолништето има асиметрично дно, тоа ќе ни помогне да отстраниме една вертикална линија.
Вметнете ја ролката во здолништето и додаде појас на изгледот.
Смнете ги чевлите. Потпетици што одговараат на бојата на кожата визуелно ги издолжуваат нозете.
Грешка # 2. Премногу тесна облека
Повторно станува збор за хоризонтални линии, ролка, чизми до глужд и фармерки стуткани околу глуждовите. Сите овие линии прават телото да изгледа подебело. Покрај тоа, честа грешка што ја прават девојките со широки колкови е кога носат премноу тесна облека, со што колковите им се визуелно пошироки.
Да ги исправиме грешките:
Ако имате заоблен облик на тело, но не сакате да се фокусирате на тоа, тогаш горниот слој како блејзерот во овој случај, може да биде добро решение..
И, исто така, треба да ги смениме чевлите, чизмите за глуждот веќе не се во мода, додека фармерките извиткани околу глуждовите се крајно застарени и никогаш не направиле никој да изгледа привлечно.
Грешка # 3. Голема облека без акцент на половината
Малите детали во нашиот изглед навистина играат улога во исходот. Иако ниту една од облеките не е застарена, фотографијата лево би ја направила секоја девојка како квадрат. Не е сменето ниту едно парче облека, но обрнете внимание на тоа колку се разликуваат овие изгледи. Сè што треба да направите е:
Вметнете го горниот дел во здолништето и веднаш ја истакнавте половината и пропорциите на телото, а и нозете изгледаат подолги.
Изложените екстремитети прават целокупниот изглед е поженствен и лесен.
Грешка # 4. Кршење на пропорциите на телото
Првата слика изгледа навистина здодевно и непропорционално, што го прави телото да изгледа скоро подолго од нозете. Еве како да корегирате:
Сменете ги чевлите за високи потпетици, за да изгледаат нозете подолги. Патем, ако се одлучите за чевли во иста боја како панталоните или хулахопките, нозете ќе ви изгледаат подолги – вистина е !!!
Откопчајте неколку копчиња на кошулата за да вратот да изгледа подолг, флертувачки и женствено.
Засукајте ги ракавите на кошулата за да ги покажете тенки зглобови.
Додадете додатоци за да се направи целокупниот изглед поинтересен. Тоа може да биде светло-црвена торба или црна капа, ако сакате да се држите настрана од светли детали.
Поправете ги вашите пропорции. Можете или да го истакнете струкот со помош на ремен и да ја држите кошулата закопчана. Или можете да ја откопчате кошулата, така да создадете вертикална линија во вашиот изглед, ако не сакате ремени и не сакате да дадете фокус на вашата половина. Овој трик ќе ви помогне да изгледате потенко. Во овој случај, подобро е да одите со кошула што одговара на нијансата на панталоните.
Грешка # 5. Затворен изглед
Можете да видите како истиот фустан, кој благодарение на малите и навидум безначајни детали, изгледа толку поразличен.
Никогаш не ги закопчувајте сите копчиња на фустанот (секако, ако ги има). Малку отворање на вратот е добра опција бидејќи овој трик ќе го направи вратот да изгледа подолг, а целокупниот изглед порелаксиран.
Додадете ремен но внимавајте бојата да не се соединува со фустанот. Причината е прилично едноставна, ременот го прави изгледот поинтересен и завршен, додека опцијата со појас што одговара на бојата на вашиот фустан честопати не е интересна.
Со цел да го направите изгледот полесен, можете малку да ги засукате ракавите и да ги изложите зглобовите.
Што се однесува до чевлите, советот останува ист, светлите чевли се попосакувани од темните.
Додатоците се најбитни