Младолика јапонка што вози мотор измами илјадници корисници на социјалните мрежи откако беше откриено дека всушност е  50-годишен маж со долга  коса.

Јапонскиот моторџија, со корисничко име @azusagakuyuki на Твитер, се здоби со скоро 18.000 следбеници постирајќи слики како позира пред моторот Јамаха со црна моторџиска јакна.

Но, следбениците со орелски очи се сомневаа дека нешто не е како што треба кога одраз од огледало на една од сликите покажа сосема поинакво лице.

Една јапонска забавна ТВ-емисија успеа да му влезе во трага на креаторот на „Твитер“, откривајќи дека зад сликите стои  средовечен човек.

Човекот по име Зонггу рече дека користел апликации за уредување фотографии како FaceApp за да изгледа како „помлада убава жена“ затоа што верувал дека никој не сака да го види стариот „чичко“.

Убавата девојка му донесе група на обожаватели, некои дури претпоставуваа дека девојката на фотографиите едноставно ги уредила своите слики за да се направи „поубава“.

Сепак,  „нејзина“ група следбеници започнала да забележува необични работи на сликите, вклучително и „влакнеста рака со машки изглед“ и рефлексија на огледало  што ги покажува карактеристиките на лицето на мажот.

Човекот рече дека ја користел апликацијата која го менува лицето затоа што сака да добие популарност на социјалните мрежи, како и да го зголеми ангажманот на неговите објави.
Неговите импресивни вештини за уредување доведоа до илјадници „лајкови“ и стотици „ретвитови“ на неговите објави.

Иронично, откривањето на неговиот идентитет навистина стана вирално, со илјадници „импресионирани“ луѓе кои рекоа дека тој завршил „одлична работа“, претворајќи се во „толку слатко девојче“.

Многу жени се пошегуваа „овој фраер изгледа поубаво од мене“, додека други го опишаа делото како „следно ниво“.

„И сите веруваа во тоа. Тоа е најдобрата лага досега “, напиша еден.

Во меѓувреме, десетици изјавија дека „никогаш нема да веруваат во ништо“ што ќе видат на социјалните мрежи, а еден се пошегува: „Проблемите со мојата доверба се зголемија“.