Зборот „Евергрин“ веројатно сега ќе биде вечно поврзан со хаос, откако камион кој превезуваше еден од контејнерите за испорака на компанијата предизвика застој во сообраќајот, само неколку дена откако бродот Евергрин се заглави во Суецкиот канал.

 

Досега веројатно сите сме запознати со глетката на огромниот брод што предизвикува хаос во Суецкиот канал, па не им требаше долго на корисниците на социјалните мрежи да ги истакнат несреќните сличности кога камионот Евергрин кој пренесуваше контејнер утрово се најде во слична  ситуација.

Инцидентот се случил во Нанџинг, Кина, нешто пред 9.55 часот по локално време на автопатот Чангчун-Шенжен, каде што камионот со кој се превезувал контејнерот се срушил и завршил заглавен преку повеќекратните ленти на патот.

Сликите од инцидентот исклучително потсетуваат на сцената во Суецкиот канал, а и бродот и контејнерот за испорака беа обоени во зелена боја и со бели, големи букви беше запишан зборот „Евергрин“.

 

Споредбата меѓу двата инциденти е уште поочигледна со фактот дека и камионот и бродот предизвикаа огромен метеж во сообраќајот, со десетици автомобили кои чекаа во редот на патот зад камионот, а повеќе од 260 брода заглавени зад бродот со контејнери.

Како тие сличности да не беа доволни, Матершип истакна дека и камионот и бродот излетале од десната страна и застанале под агол од околу 45 °.

Фотографиите од Нанџинг, кои се чини дека се направени од снимките за надзорот, станаа вирални откако беа споделени на кинескиот сајт за социјални медиуми „Веибо“, а некои правеа шеги за тајванската компанија „Евергрин марин“, која управува со бродот.