Поранешен вработен во маркет на „Волмарт“ ја исфрли својата фрустрација од отпуштањето возејќи со својот автомобил директно низ супермаркетот.

Полицијата го уапси 32-годишниот Лејси Кордел Гентри во Петокот, на 2 Април, откако се случија драматичните настани во продавницата Волмарт на улицата Тандер во Конкорд, Северна Каролина, САД.

Гентри неодамна беше отпуштен од работното место, но тој се врати во продавницата околу 6 часот наутро на денот на инцидентот кога седна зад воланот на неговиот Фолксваген Пасат од 2015 година и го возеше возилото директно низ влезната врата на супермаркетот.

Поранешниот вработен не беше потресен од несреќата и наместо тоа продолжи да вози внатре во продавницата, предизвикувајќи „значителна штета и загрозувајќи ги другите“.

Полицијата реагирала на местото на настанот откако добила повик. Според оизјавата од одделот споделена на Фејсбук, Гентри сè уште управувал со автомобилот кога пристигнале полицајците, по што успеале да го натераат да го запре возилото и да го приведат.

Полицискиот оддел во Градот Конкорд истакна дека Гентри бил поранешен вработен во продавницата, но рече дека „никој друг мотив не бил објавен“ во тој момент во истрагата.

Сликите од местото на настанот покажуваат голема штета предизвика а од 32-годишникот, со влезната врата од продавницата извалкана и скоро целосно извлечена од нејзината рамка. Внатре во продавницата, се чини дека се погодени полици и знаци, што предизвика производи да завршат расфрлани низ подот.

Гентри  го сопрел автомобилот откако се забил во некаков дисплеј, со слики што прикажуваа серија вдлабнатини на страната на возилото, како и сериозни оштетувања околу едно од предните тркала.

Полицијата увери дека никој во дуќанот во тоа време не бил повреден, иако многу стоки биле оштетени.

Не е јасно дали Гентри е застапен од адвокат, но тој моментално се наоѓа во затвор Кабарус под кауција од 100.000 американски долари.