Што открива местото каде што имате бенки за вашиот карактер
Повеќето бенки на кожата се развиваат на возраст од 30 години и според кинеската астрологија, тие можат да имаат многу различни значења во зависност од нивната локација. На пример, бенка на носот значи дека сте многу вредни, додека бенка на образ претставува искреност.
1. Бенка на челото
Бенкитена челото се сметаат како знак за просперитет. Но, во зависност од нејзината точна позиција, тоа може да има дополнителни значења.
Бенка на левата страна од челото може да значи дека имате недостаток на среќа и дека понекогаш можеби ќе треба да работите малку повеќе за да го добиете она што го посакувате.
Ако имате бенка на средината на челото, тоа е симбол за мудрост и поголема шанса за успешен брак.
Бенки од десната страна укажуваат на тоа дека имате способност да бидете одличен придружник, без разлика дали станува збор за деловни активности или за брак.
2. Бенка на образ
Ако имате бенка на образот, тоа значи дека сте искрени, чувствителни и понекогаш срамежливи. Но во дадени ситуации вие се претворате во бестрашен водач. Повеќе значења во зависност од нејзината локација се:
Бенка на левиот образ значи дека понекогаш можете да изгледате арогантни, поради вашата интровертна природа.
Што се однесува до десниот образ, вие сте неверојатно грижливи и го ставате семејството пред сè друго.
3. Бенка во близина на усните
Оваа бенка е знак на шарм и елеганција. Без разлика дали е на десната или левата страна од горната усна, вие се стремите да го живеете животот во целост. Поминувањето време со пријателите и патувањето се две од вашите омилени работи. Исто така, бенка на долната усна покажува дека вашите деца имаат поголема шанса да бидат многу успешни на било кое поле во животот.
4. Бенка на носот
Бенките на носот за вас кажуваат дека сте многу вредна индивидуа. И покрај тоа што понекогаш другите можат да мислат дека имате големо его, вие сте одличен пријател.
Бенка на врвот на носот често значи дека и покрај тоа што можете лесно да се опуштите, вие сте темпераментни. Исто така, понекогаш ги судите работите пред да размислите убаво.
Бенка на десната страна од носот претставува голема страст и потреба да се формира поблиска врска со другите.
Што се однесува до левата страна, тоа може да укаже на некои борби во текот на вашиот живот, но што е најважно, знаете дека секогаш ќе успеете да се справите со предизвиците.
5. На стапалата
Бенките на стапалата се знак дека уживате додека патувате. Тоа е исто така знак дека сте познати по вашите добри постапки. Ако бенката се наоѓа на десното стапало, тоа значи дека имате одличен семеен живот. Бенка на левото стапало, може да значи појава на некои финансиски проблеми.
6. Бенка на рамото
Ако имате бенка на рамото тоа значи дека сте одличен решавач на проблеми и навистина одговорна личност што може да се справи со сè. Иако уживате да им помагате на сите околу вас, внимавајте да не дозволите другите да ве искористат.