Француски уметник ни покажува како би можел да изгледа апокалиптичен свет без луѓе
Што ако на почетокот на 21 век, човештвото престане да постои, оставајќи простор на природата целосно да владее? Што ако на Земјата нема луѓе? За повеќето од нас, тоа може да звучи како апокалиптично сценарио за нов холивудски филм. Сепак, идејата што стои зад работата на Крис Морин не е воопшто песимистичка бидејќи тој нè носи кон мирен свет каде човештвото престанало да постои одамна.
Идејата зад работата на францускиот фотограф е дека тој сака да визуелизира како би изгледал свет без луѓе во него. Поведен од концептот, тој создаде низа слики наречени „Еднаш, многу одамна, утре“. Проектот за дигитална уметност што тој го започна во далечната 2012 година, покажува неколку познати градови кои ги „преземала“ природата со огромни дрвја и диви животни кои ја заменуваат целата модерна технологија. Градови како Париз, Њујорк, Сингапур, Венеција и сл.
„Во време кога станавме свесни за кревкоста на природата и се повеќе се грижиме за екологијата, глобалното затоплување и иднината на планетата, се прашував како сите овие човечки градби би изгледале без нас “.
Ја замислувам архитектонската логика на прав агол и широко отворени простори заменети со бујна природа, растејќи на најнеочекуван начин. Историја на сивите градови, сега бујна и зелена.
„Секоја моја слика претставува позната зграда, античка или модерна, во градовите што ги фотографирав. Потоа ја преработувам сликата дигитално, играм со боја, сенки, текстури, фокус, перспективи, додавам дрвја, животни, растенија, индустриски урнатини… додавам секакви елементи фотографирани за време на претходните патувања и го хранам универзумот што го истражувам “.