Босилек: Неверојатен лек за многу здравствени проблеми
Босилекот е зачин кој има фантастично влијание врз здравјето и организмот. Тој ја ублажува настинката, придонесува за здравјето на срцето, бубрезите, очите и забите и помага при лекување на различни видови на рак.
Во продолжение, погледнете неколку од здравствените придобивки од ова моќно растение.
Ја намалува температурата и ги ублажува симптомите на настинка
Босилекот има силни антибактериски својства, а чајот од босилек помага за ублажување на болки во грлото и ја намалува кашлицата.
Придонесува за здравјето на срцето
Потрошувачката на босилек го намалува нивото на холестерол во крвта и се смета за еден од најдобрите зачини за срцето. Босилекот го намалува ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни проблеми.
Дејствува против стресот
Босилекот е добар за здравјето, а нутриционистите препорачуваат да се џвака барем 12 листови босилек дневно. Тој има директно влијание и врз стресот, поради големото количество витамини и антиоксиданси кои делуваат позитивно врз намалување на оваа состојба.
Ја подобрува работата на бубрезите
Босилекот ги зајакнува бубрезите и е одличен во борбата против бубрежните камења.
Го чува здравјето на забите
За оние кои страдаат од проблеми со непцата, лош здив и лесно расипливи заби, босилекот е одличен сојузник во одржувањето на оралното здравје. Антибактериските и антибиотски својства на босилекот помагаат за спречување на различни орални болести.
Ја намалува склоноста кон повраќање
Ако сте болни и често ви се гади, консумирајте сок од босилек, мешан со една лажичка мед и сок од ѓумбир.
Помага при лекување на рак
Босилекот ги стеснува крвните садови кои ги хранат клетките на туморите кои предизвикуваат рак, а сам по себе тој помага и при третманот на многу видови на рак, вклучувајќи рак на дојка. Исто така, својствата на ова растение, го спречуваат растот на оралниот карцином.