Мајка која доби критики за начинот на кој го казнува синот го објаснува нејзиниот метод
Постои една изрека која вели: „Ние не воспитуваме деца. Воспитуваме возрасни “. Затоа, кога детето на Табата Мари одби да ја исчисти неговата соба, таа одлучи да му одржи лекција.
Мајката објави видео на TikTok, образложувајќи го своето размислување за одлуката и рече дека не воспитува маж кој ќе нема почит велејќи: „тоа не е работа на мама или на жената, ако направите хаос, мора да го исчистите“.
@tabathamarieI hated seeing the look on his face when he seen his room. It hurt me just as much but my babies will not be disrespectful #parenting #fyp #foryoupage
На видеото мајката објансува како го замолила синот да си ја исчисти собата пред два дена, но тој одбил велејќи „таа да ја исчисти“. Понатаму во видеото ја гледаме Табата која ги фрла играчките на нејзиниот син во ѓубре велејќи: „сега собата е чиста“. На крајот мајката објаснува дека таа нема да го воспита син и да мисли дека чистењето и средувањето е работа само на жената.
Некои родители сметаа дека казната на Табата е премногу остра. Тие започнаа да ги коментираат под нејзиното видео, предизвикувајќи жестока дебата за учење на децата на одговорност.
Табата објави уште едно видео во кое дава објаснување за својата постапка велејќи: „Мојот син сам ја чисти својата соба веќе година и пол, многу добро знае дека ако направи неред треба да ги исчисти и дека во средувањето на куќата треба да помагаат сите“.