Група збунети службеници не знаеја каде да погледнат кога група танчерки танцуваа пред нив за време на прославата за обележување на официјалното лансирање на нов брод на морнарицата во вредност од 2 милијарди долари.

На прославата по повод новиот брод во Вулолумуло, Сиднеј, Австралија, присуствуваа врвни службеници, вклучително и началникот Мајкл Џозеф Ноунан и генералниот гувернер Дејвид Харли.

Шефот на одбранбените сили Ангус Кембел исто така беше дел од публиката.

Видеа од настанот покажуваат како седум девојки играат пред службениците облечени во црни шорцеви, црвени тесни маички и црвени беретки.

https://youtu.be/CfqB3uNG8nw

Поранешниот војник и пратеник во редовите на либералците, Филип Томпсон, изјави дека танцот е  несоодветен за таа пригода што се одржа во Саботата.

„Имавме членови на парламентот таму, генералниот гувернер исто така беше присутен, мислам дека не е соодветно да се танцува така“.

Не е познато дали девојките биле платени од морнарицата.

Некои коментатори на социјалните мрежи се согласија дека танцувањето е премногу сугестивно за официјален владин настан.

„Не е важно кои се девојчињата, ова не е соодветно“, рече една личност.