Научници успеаа да создадат ембрион кој е пола човек-пола мајмун
Две мисли веднаш ни поминуваат низ глава: може ли овој ембрион да биде Бигфут, бидејќи за мистериозното суштество често се вели дека е нешто помеѓу човек и мајмун. Второ, сите сме го гледале хорор филмот „The Fly“ и знаеме дека мешањето работи на молекуларно-генетско ниво е причина за загриженост.
Некои се дефинитивно загрижени за резултатите од новата студија, која се обиде да го „искористи неодамна воспоставениот систем на продолжена ембрионска функција што поддржува емвиогенеза на приматите ex vivo до фаза на гастрилација“.
Институтот за биолошки науки Салк во Ла Јола, Калифорнија, се здружи со голем број научници од Кина и од други места за да дознаат повеќе за тоа како комуницираат човечки и животински клетки, инјектирајќи индуцирани плурипотентни матични клетки од луѓе во ембриони од Макаки мајмуни, кои се генетски поблиски до нас отколку овците и свињите.
Овие експерименти со ембриони од мешани видови, познати како химери „ќе претставуваат ветувачка стратегија за разни апликации на регенеративна медицина, вклучително и регенерација на органи и ткива за трансплантација“.
Во студијата се вели: „Овие резултати можат да помогнат за подобро разбирање на раниот развој на човекот и еволуцијата на приматот, како и развој на стратегии за подобрување на човечката генетика“.
Хуан Карлос Изписуа Белмонте, коавтор и професор во лабораторијата за генетско истражување во институтот, изјави: „Ова е еден од најголемите проблеми во медицината – трансплантација на органи. Побарувачката за тоа е многу поголема од понудата“.
Тој додаде: „Ова знаење ќе ни овозможи да се вратиме назад и да се обидеме да ги согледаме кој метод е успешен за да се овозможи соодветен развој на човечки клетки кај овие животни… нашата цел не е да генерираме нов организам, чудовиште. И ние не правиме ништо такво. Се обидуваме да разбереме како клетките од различни организми комуницираат едни со други“.
Кирстин Метјуз, соработник за наука и технологија на Институтот Бејкер на Универзитетот Рајс во врска со проектот вели: „Мислам дека јавноста ќе биде загрижена, и јас сум исто така, не треба да се случуваат овие работи без да имаме соодветен разговор за тоа што треба или не треба да правиме “.