Хорор Точка: Место кое го чува споменот на најсмртоносниот настан во историјата
Во средината на 1980-тите, група американски археолози проучувале сателитски снимки од полуостровот Јукатан во Мексико и забележале скоро совршен прстен со дијаметар поголем од 200 километри.
Карактеристичните дупки исполнети со чиста сина вода се типичен мотив во туристички брошури. Навидум, тие изгледаат расфрлани низ полуостровот, но кога ќе се погледнат од вселената, тие создаваат полукружна форма.
Денес е познато дека оваа карактеристична форма, која изгледа како да е нацртана со огромен шестар, всушност е „лузна“ останата од астероид широк околу 12 километри кој го погодил Јукатан и експлодирал со незамислива сила. Така е создаден кратерот Чиксулуб, кој му го должи своето име на истоимениот град. Кратерот има дијаметар подолг од 180 км, а ударот од астероидот кој го создал се смета за најголемото влијание на небесно тело во историјата на Земјата.
Една од најсмртоносните катастрофи на планетата е поврзана со масовно истребување на диносаурусите, а научен труд со кој се потврдува ова беше објавен пред девет години во „Science Journal“ (Журналот на науката). Научниците отфрлија други теории, како што е масовна вулканска ерупција и други можни сценарија. Се верува дека ударот на астероидот направил кратер длабок 30 километри и предизвикал слична реакција на земјата како што езеро „би се однесувало“ кога би фрлиле камче во него.
Во следните години, светот се промени многу повеќе од што можеме да замислиме. Облак од пепел го замагли небото и следела ноќ што траела цела година. Температурите паднале под нулата, а скоро 75 проценти од живите суштества на Земјата изумреле поради тешките услови.
Денес, оваа централна точка на имагинарниот круг е на околу еден километар до малото гратче Чиксулуб Пуерто.
Љубителите на диносауруси кои го посетуваат местото за да го почувствуваат духот на минатото, честопати се губат на обрасните патишта и завршуваат во блискиот Чиксулуб Пуебла. Но, кога ќе дојдат на вистинската локација, ќе наидат на неколку потсетници на најголемата катастрофа во историјата на планетата- цртежи на диносауруси нацртани од децата во селото.
На околу 45 километри јужно се наоѓа музејот за кратери Чиксулуб, кој беше отворен кон крајот на минатата година, каде посетителите можат да дознаат повеќе за настаните што го сменија изгледот на Земјата.